Close Menu
Press24
    Најново

    Филков: Коцев, Фидоски и Станевски да објаснат зошто го пуштија Груби во куќен притвор

    24.02.2026 во 13:46

    Руте: На Украина мора да и даваме оружје се додека не престане војната

    24.02.2026 во 13:36

    Стартуваа измамите за полагање за возачка: Прилепчанец фалсификувал свидетелство за да се пријави во авто-школа

    24.02.2026 во 13:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Филков: Коцев, Фидоски и Станевски да објаснат зошто го пуштија Груби во куќен притвор
    • Руте: На Украина мора да и даваме оружје се додека не престане војната
    • Стартуваа измамите за полагање за возачка: Прилепчанец фалсификувал свидетелство за да се пријави во авто-школа
    • Голема измама во Тетово: Седум лица се обиделе да излажирааат сообраќајка за да земат пари од осигурување
    • Хорор во Битола: Татко со остри предмети се обидел да ги убие сопствените деца
    • Шок во прилепско: 14-годишник со автомобил се забил во бетонски столб, сопатник тешко повреден
    • Перински: Обезбедени над 223 милиони денари за развој на општините, аплицирајте со квалитетни проекти
    • 15-годишник оперирал низ Куманово, украл автомобил и ограбил два имоти
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Министерот Сали замина во Киев – ќе учествува на комеморативна церемонија во чест на загинатите бранители на Украина

    Министерот Сали замина во Киев – ќе учествува на комеморативна церемонија во чест на загинатите бранители на Украина

    24.02.2026 во 11:57
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Првиот заменик-претседател на Владата на Република Северна Македонија и министер за европски прашања, г. Беким Сали, денес ќе престојува во официјална работна посета на Киев, Украина, каде ќе оствари средби со високи претставници на украинските државни институции.

    Во рамки на посетата, Сали ќе учествува на комеморативна церемонија во чест на загинатите бранители на Украина, заедно со заменик-претседателката на Владата на Украина, г-ѓа Јулија Свириденко, при што ќе биде изразена солидарност и поддршка кон украинскиот народ.

    За време на посетата, предвидена е билатерална средба со заменик-претседателот на Владата за европска и евроатлантска интеграција на Украина, г. Тарас Качка, на која ќе се разговара за напредокот во процесот на европска интеграција, спроведувањето на реформите и унапредувањето на соработката меѓу двете земји во пристапниот процес кон Европската Унија.

    Во агендата е предвидена и средба со претседателката на Комитетот за интеграција на Украина во Европската Унија при Врховната рада, г-ѓа Ивана Климпуш-Цинцадзе, со фокус на парламентарната соработка и размената на искуства во пристапните преговори.

    Сали ќе оствари средба и со врховниот муфтија на Украина и претседател на Духовната управа на муслиманите на Украина, Ахмед Тамим, на која ќе се разговара за меѓурелигискиот дијалог и улогата на верските заедници во промовирањето на мирот и општествената стабилност.

    Посетата има за цел продлабочување на билатералната соработка и реафирмирање на поддршката на Северна Македонија за суверенитетот, територијалниот интегритет и евроатлантската перспектива на Украина.

    Популарно

    Панчевски: Три пати ме ставија во Шутка поради Заев – Да не му треба и негувателка на Груби?

    24.02.2026 во 10:49

    Платите на функционерите ќе се скратат од 10.000 до 13.000 денари – парите ќе одат за здравството и образованието

    24.02.2026 во 11:59

    Се огласи Груевски: “Вистината е како шило, ќе боди лево-десно, напред-назад и оп на површина”

    24.02.2026 во 08:37

    Најавени исклучувања – Повеќе населби во Скопје без струја

    24.02.2026 во 08:59

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.