Министерот Маричиќ лут на судиите кои го ослободија Мијалков: Како очекувате народот да му верува на судот?
Министерот за правда Бојан Маричиќ на социјалните мрежи не го криеше своето разочарување од ослободувањето на Мијалков.
Одлуката на Апелациониот суд во Скопје да го пушти од притвор Сашо Мијалков ја намалуваат и онака разнишаната доверба на граѓаните во судовите.
Потсетувам дека Мијалков беше лице под реален ризик за бегство и повод за настани кои ја вознемирија целата македонска јавност.
Судиите на Апелациониот суд во Скопје Ѓоко Ристов и Енвер Беџети кои ја донесоа оваа одлука треба да и објаснат на јавноста на кој основ ја донеле ваквата одлуката и на кој начин ќе ја преземат одговорноста доколку се случи повторно ризик од бегство.
Судот иако е независен должен е јавно да ги објаснува своите одлуки за да можат граѓаните да веруваат во судството. – напиша Маричиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа