Министерот за здравство, Азир Алиу, денес одржа работна средба со италијанскиот амбасадор во земјава, Паоло Палминтери. Разговорот беше насочен кон унапредување на соработката меѓу двете земји во областа на здравството и размена на експертски искуства.

„На денешната средба со амбасадорот Палминтери имавме пријателска и конструктивна дискусија, при што ги афирмиравме одличните билатерални односи меѓу нашите земји. На средбата стана збор и за вклучувањето експерт токму од Италија, кој ќе биде дел од меѓународната експертска комисија која ќе ги разгледува кардихируршките случаи, по завршување на работата на интерната комисија со домашните експерти. Заеднички продолжуваме со транспарентност, доверба и професионален пристап за унапредување на здравствениот систем,“ истакна министерот Алиу.

Средбата ја потврди посветеноста на двете страни за продлабочување на здравствената соработка и размена на експертиза во корист на граѓаните.

Exit mobile version