Минхен забрани протестни блокади на клучни улици, патишта и објекти

 

Градските власти во Минхен денеска соопштија дека ќе ги забранат сите граѓански собири со кои ќе се блокираат клучни улици, патишта и инфраструктурни објекти најмалку еден месец. Одлуката доаѓа еден ден откако некои активисти се „залепија“ на асфалтот на аеродромот во третиот по големина град во Германија, според соопштението, цитирано од локалните медиуми.

Наредбата, која ќе трае најрано од 10 декември до 8 јануари, има за цел да се осигура дека главните правци за вонредни ситуации и спасувачките возила во градското подрачје се постојано „чисти“ и да се спречат евентуални штети кои би можеле да настанат по доцнење во итен транспорт, според соопштението за печатот на Градот, пренесе Ројтерс.

Градската власт соопшти дека настаните од последните неколку дена го направиле неопходен ваквиот потег. Климатските активисти вчера упаднаа на аеродромите во Минхен и Берлин, од каде по околу половина час ги отстрани полицијата.

На крајот на ноември, активисти дури два часа го блокираа сообраќајот на аеродромот во Берлин.

09.12.2022 - 22:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега