Close Menu
Press24
    Најново

    Економски бум во најава: Мицкоски откри дека веќе се реализирани 25% од капиталните инвестиции за 2026 година

    10.03.2026 во 12:52

    Мицкоски: Денеска ќе се одлучи името на новиот јавен обвинител

    10.03.2026 во 12:43

    Зелени предели, историја и вера: Велигденските празници можат да се прослават и во Туркије

    10.03.2026 во 12:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Економски бум во најава: Мицкоски откри дека веќе се реализирани 25% од капиталните инвестиции за 2026 година
    • Мицкоски: Денеска ќе се одлучи името на новиот јавен обвинител
    • Зелени предели, историја и вера: Велигденските празници можат да се прослават и во Туркије
    • Тетовец приведен на патот Дебар-Струга: Возел камион иако имал активна забрана, полицијата му го одзеде возилото
    • Утре ќе нема струја до 14 часот – ЕВН најави исклучувања во неколку општини
    • Коста: Русија е единствениот вистински победник од војната на Блискиот Исток
    • Минчев: Знаењето на службениците е инвестиција, а не трошок
    • Лефков: СДСМ тоне како брод со кој управува кој стигне
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Минчев: Знаењето на службениците е инвестиција, а не трошок

    Минчев: Знаењето на службениците е инвестиција, а не трошок

    10.03.2026 во 12:003 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Министерот за јавна администрација Горан Минчев се обрати на настанот на Тематската група за управување со човечки ресурси и професионален развој (HRMPD), насловен „Градење на капацитетите на институциите за обука на јавните службеници“, кој се одржува во Скопје. Настанот е во организација на Министерството за јавна администрација во соработка со Регионалното училиште за јавна администрација (ReSPA), Амбасадата на Франција во Република Македонија и Центарот за управување со промени.

    На настанот, министерот Минчев истакна дека инвестицијата во знаењето и професионалниот развој на јавните службеници е клучен предуслов за изградба на ефикасна, модерна и професионална јавна администрација која ќе биде во служба на граѓаните и компатибилна со европските стандарди.

    „Кога зборуваме за реформи на јавната администрација, често се фокусираме на процедури, законски решенија или дигитализација на процеси. Но вистината е дека ниту една реформа не може да успее без најважниот елемент – човечкиот капитал. Затоа вложувањето во знаењето и вештините на службениците не е трошок, туку стратешка инвестиција во иднината на државата“ нагласи министерот Минчев.

    Во рамки на реформскиот процес, министерот се осврна и на новиот Закон за стручно усовршување и обука на административните службеници, со кој ќе се формира Академија за стручно усовршување на административните службеници како посебен орган во состав на Министерството за јавна администрација.

    „Со воспоставувањето на Академијата за јавна администрација за првпат создадаваме институционален столб за системско и континуирано стручно усовршување на службениците. Нашата цел е да изградиме култура на доживотно учење во администрацијата и јасна врска помеѓу знаењето, резултатите и напредувањето во кариерата“ потенцираше министерот.

    Министерството за јавна администрација годинава за првпат е домаќин на високи претставници и директори на академиите за јавна администрација од регионот на Западен Балкан и Источното соседство, како и од земји членки на Европската Унија, меѓу кои Хрватска, Франција, Италија и Белгија. Овој настан претставува значајна платформа за размена на искуства, знаења и добри практики за унапредување на системите за обука и професионален развој на јавните службеници.

    Министерот Минчев ја истакна и важноста од меѓународната соработка во процесот на реформи, нагласувајќи ја улогата на РеСПА како важен регионален партнер, како и поддршката од Владата на Француската Република преку проектот „Јакнење на капацитетите и професионализација на администрацијата во Република  Македонија“. Тој изрази благодарност до РеСПА, Амбасадата на Франција во Република  Македонија и ЦУП за нивната континуирана поддршка и партнерски пристап во спроведувањето на реформите во јавната администрација.

    На крајот од своето обраќање, министерот порача дека инвестицијата во знаењето на административните службеници е директна инвестиција во довербата на граѓаните во институциите.

    „Секој семинар, секоја работилница и секоја обука претставуваат чекор поблиску до администрација која не е товар, туку вистински сервис на граѓаните. Само преку силен човечки капитал можеме да изградиме силна, модерна и европска држава“ порача министерот Минчев.

    Популарно

    Неочекуван пресврт – Цената на нафтата драстично падна на светските берзи

    10.03.2026 во 08:18

    Иран ги прекинува сите преговори со САД: Имаме премногу горчливо искуство, војната ќе го запали целиот регион

    10.03.2026 во 09:41

    Премиерот Мицкоски во Кучевишка Бара

    10.03.2026 во 08:13

    Турција под ракетен напад од Иран: Распоредени системи „Патриот“ откако НАТО пресретна две балистички ракети

    10.03.2026 во 09:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.