Close Menu
Press24
    Најново

    Николоски: Градиме бројни капитални проекти во Охрид

    11.07.2026 во 15:42

    Финализирани координациите за реализација на проектот Брз автобуски превоз

    11.07.2026 во 15:18

    Словенец од јарбол го симнал и запалил македонското знаме пред општина Прилеп

    11.07.2026 во 15:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Николоски: Градиме бројни капитални проекти во Охрид
    • Финализирани координациите за реализација на проектот Брз автобуски превоз
    • Словенец од јарбол го симнал и запалил македонското знаме пред општина Прилеп
    • Мицкоски: Опозицијата нека свика експерти и нека се усогласи за Изборниот законик, владината коалиција е веќе усогласена
    • СДСМ: Нов скандал на Тошковски, му избега притворен наркодилер од полициска станица во Кочани
    • МОН вложува 5,5 милиони евра во образовната инфраструктура во Охрид
    • Чаир го одбележа Денот на сеќавање на геноцидот во Сребреница
    • Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Минчев во Будва: Реформите во јавната администрација се суштински предуслов за патот кон ЕУ

    Минчев во Будва: Реформите во јавната администрација се суштински предуслов за патот кон ЕУ

    22.04.2026 во 12:072 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерската конференција во Будва, одржана во рамки на Берлинскиот процес, Министерот Минчев, ја заокружи со низа значајни билатерални средби со свои колеги и високи претставници од регионот и од Европската Унија, со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во клучните реформски области.

    Во фокусот на разговорите беа реформите во јавната администрација, кои министерот Минчев ги потенцираше како суштински предуслов за напредокот на државата кон Европската Унија. Тој нагласи дека станува збор за процес што оди подалеку од административни прилагодувања, односно за темелна трансформација на институциите во ефикасен сервис на граѓаните.

    На билатералната средба со министерот од Косово, Лулезон Јагџиу, беше отворена дискусија за конкретни решенија и практики кои веќе даваат резултати, при што министерот Минчев ја истакна важноста од регионалната соработка и заемното учење. Тој изрази задоволство што реформските процеси во Македонија се повеќе се препознаваат како позитивен пример во регионот.

    Во разговорите со генералниот секретар во Министерството за јавна администрација на Република Грција, Јанис Фустанакис, беа разгледани можностите за развој и унапредување на Академијата за јавна администрација, како и за воспоставување поинтензивна соработка со нивниот Национален центар за јавна администрација.

    Дополнително, на средбата со Франческо Леоне, советник на министерот за јавна администрација на Италија, фокусот беше ставен на јакнење на капацитетите на административните службеници и продлабочување на соработката преку програмите на Националната школа за јавна администрација на Италија.

    Со овие активности, министерот Минчев уште еднаш ја потврди позицијата на Македонија како активен и кредибилен партнер во регионалните и европските процеси.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Опозицијата нека свика експерти и нека се усогласи за Изборниот законик, владината коалиција е веќе усогласена

    11.07.2026 во 15:06

    СДСМ: Нов скандал на Тошковски, му избега притворен наркодилер од полициска станица во Кочани

    11.07.2026 во 15:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.