Close Menu
Press24
    Најново

    МВР спречи трагедија: Полицијата спаси малолетник кој објавил загрижувачка објава на социјалните мрежи

    01.03.2026 во 18:28

    Трагедија: Млад Македонец загина на работното место во Швајцарија

    01.03.2026 во 18:21

    Би-Би-Си: Иранците тврдат дека испалиле четири балистички ракети кон американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“

    01.03.2026 во 15:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • МВР спречи трагедија: Полицијата спаси малолетник кој објавил загрижувачка објава на социјалните мрежи
    • Трагедија: Млад Македонец загина на работното место во Швајцарија
    • Би-Би-Си: Иранците тврдат дека испалиле четири балистички ракети кон американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“
    • Николоски: Со модернизација на ГП Деве Баир и новата обиколница целосно го развиваме источното крило на Коридор 8
    • Еве што ќе се случи со производството на нафта по нападот врз Иран
    • Владата со препораки до македонските државјани: Следете ги упатствата и контактирајте ги амбасадите
    • (ФОТО) Реконструирана обиколницата во Крива Паланка – Мицкоски верува дека инвестициите ќе ги вратат иселените дома
    • (ВИДЕО) Погледнете како изгледа небото на Блискиот Исток
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Минчев: Со новиот закон за раководна служба ставаме крај на партиските вработувања и непотизмот

    Минчев: Со новиот закон за раководна служба ставаме крај на партиските вработувања и непотизмот

    26.01.2026 во 21:102 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во гостувањето во емисијата „Топ тема“ на Телма истакна дека Предлог-законот за висока раководна служба претставува клучен реформски чекор во насока на департизација, професионализација и зајакнување на мерит-системот во јавната администрација.

    „Овој закон не е изолиран случај, туку дел од поширок реформски пакет што го спроведуваме – заедно со Законот за административни службеници и Законот за вработени во јавниот сектор. Целта е јасна, да ставиме крај на партизацијата, непотизмот, вработувањата по партиски и други клучеви и да воведеме систем заснован на знаење, квалитет и професионален интегритет“ – нагласи Минчев.

    Тој потенцираше дека силната политичка волја за реформи е јасно потврдена уште со формирањето на Министерството за јавна администрација, кое, и покрај почетните предизвици, веднаш започна со подготовка и носење на закони што повеќе од една деценија беа препорачувани во извештаите на Европската комисија, но не беа реализирани.

    „Носењето на закон не е доволно само по себе. Затоа со Законот за висока раководна служба прецизно ги уредуваме условите, мандатите и контролата на високите раководни позиции, особено на ВД-функциите, со што директно ја намалуваме можноста за злоупотреби“ – изјави министерот.

    Во однос на роковите, Минчев појасни дека иако е евидентирано доцнење во однос на првично планираните рокови, законот е поставен на ЕНЕР во декември 2025 година и веќе е отворен процесот на јавна и инклузивна дебата.

    „Процесот го водиме транспарентно, отчетно и инклузивно, во партнерство со релевантни институции, граѓанскиот сектор и меѓународните партнери, како Британската Амбасада и Центарот за управување со промени. Во договор со Европската комисија обезбеден е и грејс-период за финализирање на реформата, и уверен сум дека успешно ќе го заокружиме овој процес“ – истакна Минчев.

    Министерството за јавна администрација останува посветено на спроведување суштински и одржливи реформи кои ќе резултираат со професионална, ефикасна и департизирана јавна администрација во служба на граѓаните.

    Популарно

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Масовна тепачка пред угостителски објект во Карпош: Приведени седум лица

    01.03.2026 во 13:35

    Од денеска крај за СМС-кодовите при онлајн плаќање, стапуваат во сила нови сигурносни правила

    01.03.2026 во 10:39

    Ужас во Делчево: 15-годишник обљубил малолетничка

    01.03.2026 во 13:33

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.