Close Menu
    Најново

    Собраниска делегација на студиска посета во Бундестагот

    19.11.2025 во 17:01

    Популарен козметички производ итно повлечен од пазарот

    19.11.2025 во 16:51

    Подгответе се за пообилни врнежи, од недела пад на температурите и снег

    19.11.2025 во 16:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Собраниска делегација на студиска посета во Бундестагот
    • Популарен козметички производ итно повлечен од пазарот
    • Подгответе се за пообилни врнежи, од недела пад на температурите и снег
    • Трагедијата можела да се спречи од самиот старт – Камбери примил поткуп за лиценцата на дискотеката „Пулс“
    • ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е човек со дамки и лузни
    • Обвинителот за „Пулс“: Сопственикот на дискотеката го вовлекол дури и сопственото дете во смртоносната стапица
    • Напад со остар предмет во Аеродром: Повредена 19-годишна девојка
    • Прегазен пешак во Куманово, со тешки повреди пренесен во болница
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Минчев: Се подготвува нов Закон за јавна администрација

    Минчев: Се подготвува нов Закон за јавна администрација

    17.09.2025 во 21:58
    ФОТО: Министерство за јавна администрација
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Во Министерството за јавна администрација денеска се одржа работен состанок меѓу министерот за јавна администрација, Горан Минчев, и претставниците на СИГМА – иницијатива на Европската Унија и ОЕЦД за поддршка на реформите во јавната администрација. Темата на средбата беше работниот процес и динамика за подготовка на Законот за организација и работа на државната управа (ЗОРОДУ).
     
    Министерот Минчев истакна дека новиот ЗОРОДУ треба да претставува клучна алка во севкупната реформа на јавната администрација, со цел создавање поефикасна, поодговорна и поуслужна администрација.
     
    „Нашата цел е да воспоставиме современа и функционална администрација која ќе биде сервис на граѓаните, а не сама на себе. Законот за организација и работа на државната управа треба да обезбеди јасна структура, рационализација на процесите и поголема транспарентност во носењето одлуки“, истакна Минчев.

    Тој додаде дека реформите не се само законска обврска на државата во процесот на европска интеграција, туку и политичка одговорност пред граѓаните.

    „Со ваквите промени ние покажуваме дека Македонија оди по европски пат – гради силни институции, ја намалува бирократијата и ја зголемува довербата на граѓаните во системот“, потенцираше министерот.

    Претставниците на СИГМА ја поздравија посветеноста на Министерството за јавна администрација и го оценија како суштински чекор напред донесувањето на Законот за административни службеници, Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за обука и стручно усовршување на јавните службеници, како и започнатиот процес за носење на новите три закони: Закон за организација и работа на органите на државната управа (ЗОРОДУ), Законот за висока раководна служба и Законот за систем на плати.
     
    Министерството за јавна администрација ќе продолжи активно да соработува со меѓународните партнери, но и со домашните институции и јавноста, за да обезбеди законски решенија кои ќе донесат реални придобивки за граѓаните и ќе го поттикнат развојот на современа јавна управа во согласност со европските стандарди.

    Featured
    Популарно

    Напуштено бебе пронајдено пред манастир, отсечените раце на мајката пронајдени на автпат: Хорор во Германија

    19.11.2025 во 10:35

    Саша Матиќ до Карлеуша: Извини

    18.11.2025 во 23:05

    Газдите не сакале да исчистат па „Мекдоналдс“ во Аеродром го исчисти општината – сега принтаат фактура

    19.11.2025 во 10:44

    Собранието ги изгласа измените за ДДВ на производи од Тему и Али Експрес – Владата уверува граѓаните нема да платат ниту денар

    19.11.2025 во 12:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.