Милошоски: Заев, Димишков и Димишкова трговци на притвори со пари?

 

И денес би сакал да се осврнам на аудио снимките на сега веќе популарниот адвокат Димишков и неговата моќна сестра судијка г-ѓа. Димишкова, истакна на денешната прес-конференција Антонио Милошоски.

„Овој тандем адвокатот Димишков и судијката сестра Димишкова очигледно е дека се недопирливи. Недопирливи за Јавното Обвинителство. Додека во државата одговараат граѓани за не носење на маска и плаќаат по 20 евра, адвокатот Димишков  и судијката Димишкова не се ниту повикани во Јавното обвинителство да дадат исказ, ниту е поведена истрага зошто разговарале, тргувале и на крајот тоа се реализирало, ослободување од притвор за сума од 6 милиони евра.

Во нормална европска држава според стандардите на Рајнхард Прибе, ваков случај брат – адвокат и судија – сестра како што се тандемот Димишкови и пазарење на мерка притвор, нејзино изрекување или нејзино отповикување и двајцата мислам дека би завршиле во притвор. А, не само тоа би имало и сериозна, обвинителска и судска разврска.

Затоа сакам да поставам прашање до јавната обвинителка Вилма Русковска, зошто се уште го нема повикано да даде исказ за овој 6 милионски трансфер за ослободување од мерката притвор адвокатот Димишков. И дали неговата сестра Весна Димишкова е најголемата заштита за ваквото тргување со притвори од страна на адвокатот Димишков.

Во аудио снимките што ги слушнавме имаше и еден израз од гласот кој што се говори дека е на адвокатот Димишков кога ја испорачува цената од 6 милиони евра кон соговорникот, вика –„Чекам пас, да ми дозволат дали ова може да го завршиме“.

Прашањето е од кого чека пас, од кого чека зелено светло адвокатот Димишков?

Дали чека зелено светло од Курто Дудуш? Дали чека зелено светло од Амди Бајрам? Или можеби чека зелено светло од Зоран Заев?

Кој одлучува колкава ќе биде цената за еден притворен граѓанин, без разлика дали е стопанственик или нешто друго? Дали цената ја одлучува адвокатот? Дали цената ја одлучува судијката? Или ја одлучува оној од кого чекаат пас? И дали тоа можеби е господинот Зоран Заев? Или Вице Заев?

Затоа уште еднаш денес апелираме адвокатот Димишков и Зоран Заев јавно да излезат и да дадат изјава за јавноста, дали потврдуваат или демантираат дека се дел од овој случај на тргување на притвор за 6 милиони евра.

Господинот Заев може слободно да демантира и иднината пред нас овие неколку дена тоа можат да го потврдат или можеби потоа тој самиот може да биде демантиран од некои други снимки.

Адвокатот Димишков во најмала рака треба да даде исказ пред јавната обвинителка Вилма Русковска кој го прислушкувал неовластено. Ова се неовластени снимки, за неовластено прислушкување, Кривичниот Законик предвидува казна. И прашање е зошто јавната обвинителка не поведува во најмала рака случај, кривичен предмет за неовластено прислушкување и втор кривичен предмет за изнуда, уцена или посредување при правење на кривично дело во случајов давање на 6 милиони евра за ослободување од притвор.

Затоа цениме уште еднаш додека не се добијат јасни одговори, потврда или демант од Зоран Заев дали го познавал адвокатот Димишков и судијката Димишкова од телевизија или ги познава лично. Дали Вице Заев се видел еднаш или повеќе пати со адвокатот Димишков? Или го познава само од телевизија? Ќе виси сомнежот дека тандемот адвокатот Димишков и судијката – сестра Димишкова заедно со политичките нарачатели за кои што има индиции дека се Вице и Зоран Заеви тргувале со правдата, определувале кој ќе биде притворен и определувале цена за колку пари еден притвот може да биде укинат.

Се додека постои таков начин на однесување во обвинителството и судството Македонија ќе биде далеку од стандардите на владеењето на правото. Но после 15-ти јули особено за овој случај бидејќи има дојавувачи кои што гледаме дека се расположени да споделат одредени материјални докази за овој настан, мислам дека ќе има сериозна одговорност“, кажа Милошоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.06.2020 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега