Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ до Пендаровски: Не го потпишувај законот за амнестија за криминалите на СДС и ДУИ

 

Со злоупотребата на европското знаменце за политички дизајнираните измени на Кривичниот законик му се нанесува сериозна штета на правосудниот систем во Македонија, посочува преку фејсбук статус пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

„Затоа, и од легалистички, и од политички аспект, би било исправно доколку Претседателот Пендаровски не го потпише овој законски проект на ДУИ и СДСМ, и законот за измени во Кривичниот законик го врати на повторна расправа во Собранието.

Таквиот потег на Пендаровски прво ќе значи спротивставување на владината злоупотреба на европското знаменце, а истовремено ќе даде шанса и за јавна дебата на оваа тема со адвокатската комора, здружението на судии и катедрите за кривично право при правните факултети во државава“, стои во објавата на Милошоски.

07.09.2023 - 15:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега