Милошоски: Ковачевски ни потроши над 20.000 долари за да го види Њујорк

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски на неговиот профил на Фејсбук објави дека премиерот Димитар Ковачевски потрошил 20.000 долари за посетата на Њујорк.

Како премиер да предводиш делегација во Обединетите Нации, каде во исто време престојуваат над 130 државници од целиот свет, и за 7 дена да оствариш само една официјална билатерална средба (со МНР на Азербејџан), е голем дипломатски неуспех. Така заврши скапо платената шанса што ја имаше премиерот Ковачевски како шеф на делегацијата на 77-то Генерално собрание во ОН во Њујорк, со патување и ноќевање кое чини најмалку 20.000 долари за владината екипа“, пишува Милошоски.

Милошоски вели дека посетата на Ковачевски не била исполнета со корисни средби и останати премиери и претседатели.

Исходот, трошокот и престојот на Ковачевски во Њујорк повеќе наликуваат на државно-платен фамилијарен туризам, наместо на државнички престој исполнет со многу корисни средби со странски премиери и претседатели. За жал“, кажа тој.

Исто така, направи споредба на Ковачевски со хрватскиот премиер Пленковиќ.

Споредено со Ковачевски, хрватскиот премиер Пленковиќ не престојувал 7, туку 4 дена во Њујорк, но не остварил една, туку 5 билатерални средби на највисоко ниво: со премиерот на Канада, со претседателот на Словенија, премиерот на Норвешка, со државниот секретар на САД, како и со Претседателот на Советот на ЕУ.

Тоа е големата разлика. Хрватскиот премиер со помала делегација, помалку денови престој во Њујорк и повеќе официјални средби, додека премиерот Ковачевски обратно, гломазна делегација, долг престој во Њујорк, и само една официјална билатерална средба. Резиме: Македонија не виде корист од оваа посета на Њујорк, но битно Ковачевски го виде Њујорк“, пишува Милошоски.

27.09.2022 - 08:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа