Милошоски: Дали Пендаровски, Заев и Филипче обрнале внимание што се случува во Штип, град со највисока стапка на зараза и смртност?

Aнтонио Милошоски на својот фејсбук профил укажа на лошата епидемиолошка слика на Штип.

„Штип со лоша епидемиолошка слика!

Дали Пендаровски, Заев и Филипче, на Советот за безбедност обрнале внимание што се случува во Штип, град со највисока кумулативна инциденца (значи највисока стапка на зараза) и трет на листата по стапката на смртност од Ковид19?

Што е поважно, здравјето на граѓаните или изборите? Или ќе беше најдобро средствата за изборите да се пренаменат за потребите на болницата и пациентите во Штип…“ напиша Милошоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.11.2020 - 12:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега