Close Menu
Press24
    Најново

    Засилени полициски контроли: Апсења за дрога во Скопје, Охрид и Радовиш

    14.03.2026 во 16:30

    Пензиониран полицаец со лажна легитимација приведен во Скопје

    14.03.2026 во 15:51

    Серија брутални тепачки меѓу врсници низ училиштата во државата

    14.03.2026 во 15:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Засилени полициски контроли: Апсења за дрога во Скопје, Охрид и Радовиш
    • Пензиониран полицаец со лажна легитимација приведен во Скопје
    • Серија брутални тепачки меѓу врсници низ училиштата во државата
    • Работник загина при пад од зграда во изградба во Кисела Вода
    • Трагедија во Скопје: 18-годишен мотоциклист загина во верижен судир
    • Тошковски: Државата и институциите одговориле максимално на трагедијата во Кочани
    • Армијата го изгасна пожарот на Јабланица, локализиран и огнот над манастирот во Смилево
    • Црн викенд: Шест уапсени за семејно насилство во целата земја
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Милошоски: Анкетната комисија има за цел неселективно утврдување на пропустите за сите трагедии и спречување на идни

    Милошоски: Анкетната комисија има за цел неселективно утврдување на пропустите за сите трагедии и спречување на идни

    03.12.2025 во 15:163 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    На денешната собраниска седница се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски кој истакна дека Анкетната комисија има за цел да се утврдат сите пропусти за трагедиите во изминатиот период кои резултираа со човечки жртви, со што добиените наоди понатаму би биле испратени до Владата и до Јавното обвинителство за да се лоцира доколку има политичка и кривична одговорност.

    „Оваа Анкетна комисија се поднесува заради сериозноста на последиците на трагедиите кои се случија последните неколку години, несреќата во дискотеката во Кочани, несреќата на Беса транс, Модуларната болница во Тетово и несреќата на Дурмо Турс кај Ласкарци. Целта на ваквата Анкетна комисија е да се разгледуваат сите пропусти и сметам дека овие трагедии коишто со човечки животи ги платија недолжни луѓе имаат заеднички именител кај сите четири трагични несреќи се забележува сплет на пропусти на многу институции, нефункционалност на добар дел од системот и раководители на одредени институции коишто создале една опасна замка за сите четири несреќи во којашто замка за жал ненадоместливо имавме загуба на 138 човечки животи. Целта е исто така било кои наоди што ќе се добијат да бидат испратени до Владата и до ЈО, кои можат да помогнат во лоцирањето на политичка одговорност и кривична одговорност“, рече Милошоски.

    Пратеникот Милошоски истакна дека е потреба неселективност за сите трагични настани со што би со дошло до објективно согледување и решавање на системски пропусти и недостатоци.

    „Со изгласувањето и формирањето на една ваква Анкетна комисија ние како пратеници и како Собрание би покажале неселективност, затоа сметам дека сите овие 4 трагични настани коишто резултирале со ваква ненадоместлива штета и за семејствата и за целата држава, не треба да бидат селективно разгледувани, туку да бидат разгледувани како една целина за да можеме со објективни согледувања да дадеме препораки за поправање на одредени системски недостатоци“, вели Милошоски.

    Милошоски упати апел до пратеникот и претседател на СДС, Венко Филипче да даде поддршка за оваа Анкетна комисија која ќе ги разгледува покрај актуелните и сите други трагични настани.

    „Затоа би сакал освен овие 75 потпишани пратеници да го повикам и да го замолам и пратеникот Венко Филипче како претседател на опозиционата партија и како подносител на следната иницијатива да даде поддршка за оваа Анкетна комисија којашто не исклучува ниеден трагичен настан, напротив ќе ги разгледува сите. Ќе ги разгледува и тие коишто се најактуелни во моментов но исто така и оние кои се случија во времето кога Филипче беше член на владата во чиј мандат се случија и дел од овие трагични несреќи“, рече Милошоски и додаде:

    Ако гласаме заеднички за една Анкетна комисија без селективност и со истото чувство на емпатија можеме да имаме поголеми шанси да стигнеме до препораки и заклучоци коишто би биле корисни за целата држава и би послужиле за системски корекции за во иднина да се намалат ризиците за вакви трагедии.

    Популарно

    Петок со сонце и пролетни температури – Од утре лош пресврт со времето

    13.03.2026 во 08:04

    Трагедија во Скопје: 18-годишен мотоциклист загина во верижен судир

    14.03.2026 во 15:41

    Експлозии среде Техеран: Нападнат државен митинг, Иран најави сурова одмазда

    13.03.2026 во 23:01

    Пленковиќ алармира: Новото кинеско оружје на Србија е прашање со кое мора да се занимава НАТО

    13.03.2026 во 22:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.