Миле Зечевиќ со авион го донесе Благодатниот оган од Ерусалим
Миле Зечевиќ, генералниот секретар на СДСМ, со спортски воздухоплов, пилотирајќи го донесе Благодатниот оган од Ерусалим и му го предаде на МПЦ-ОА пред големиот христијански празник Велигден.
Благодатниот оган од Ерусалим преку Атина со благослов од Грчката Православна Црква пристигна до Скопје каде го доби МПЦ Охридска Архиепископија, а вториот пилот кој управувал со спортскиот авион на Аеро клубот Скопје е Дејан Саздов.
Во подготовките за протоколот учествуваа две министерства и тоа, за одбрана и Министерството за надворешни работи, а пак кога станува збор за горивото за летање на спорткото летало, било приватна донација.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа