Мијалков: Одлуката на Стејт Департментот не е исправна, секогаш сум ги бранел интересите на Македонија

 

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков и екс-премиерот на Република Македонија, Никола Груевски беа ставени на црната листа на САД.

Најпрво Груевски објави порака на Фејсбук и изрази жалење поради одлуката на САД, а сега и Мијалков се јави преку неговиот профил.

„Жалам за денешната одлука на Стејт Департментот и сметам дека таа не е исправна.

Одлуката е базирана на конструкции и дезинформации за кои со време ќе се докаже дека се неиздржани.

Секогаш сум ги бранел и ќе ги бранам интересите на Македонија.

Верувам дека правдата ќе победи и дека одлуката на американската администрација ќе биде корегирана“, напиша Мијалков.

11.04.2022 - 21:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега