Close Menu
Press24
    Најново

    Починал на лице место – Тешка сообраќајна несреќа во Македонија

    24.08.2026 во 10:13

    ФОТО: Млада трудница убиена, сопругот се бори за живот – Ги изрешетале во спалната соба, огромна трагедија го потресе регионот

    24.08.2026 во 11:07

    28 нови директни авиолинии од македонските аеродроми

    23.08.2026 во 12:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Михаилов: Ова што ни се случува на планината Китка е тероризам
    • Иран со ново предупредување до Бугарија: „Го задржуваме правото да го нападнеме изворот на агресијата“
    • МВР: Констатирани 140 прекршоци и осум кривични пријави за возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли
    • УХМР предупредува: Подгответе се за невреме
    • Пријавен полицаец: Возел без возачка дозвола и со поголема брзина од дозволената
    • Започна реконструкција на водоводната мреа на ул. „Маркс и Енгелс“
    • Маж на 71 година во Охрид попрскал со бензин момче од 23 години и сакал да го запали
    • Густ чад го покри Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Михаилов: Ова што ни се случува на планината Китка е тероризам

    Михаилов: Ова што ни се случува на планината Китка е тероризам

    24.08.2026 во 18:454 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов во објава на социјалните мрежи ги окарактеризира како тероризам случувањата на планината Китка, каде веќе десетина дена има пожар.

    -Почитувани, јавноста мора да знае одредени факти за пожарот кој веќе десетина дена беснее на планината Китка. Тоа е пожарот кој најпрво започна на територијата на општина Студеничани од каде за неколку дена се префрли и на територија на општина Зелениково и се разви во голем сериозен пожар ширејќи се на места кои буквално се недостапни за човечка нога. Тоа се места кои посебно во вакви вонредни ситуации многу лесно можат човечките животи да ги донесат во сериозна животна опасност. Од друга страна, пожарот кој надојде од велешко Сл’п се движеше во правец на токму на овој пожар. Во изминативе денови, сведоци сме на повеќе нови потпалувања на линијата помеѓу двата пожара, а како што може да видите на картата, очигледно да се направи една огромна фронтална линија. Пред неколку дена кога со вложени максимални натчовечки напори и целосно се изгасна пожарот во велешко, наредниот ден имаше обид за негово повторно воскреснување, но, добрата координација на сите служби го спречи тоа, напиша тој.

    Како што нагласува Михаилов, шестиот ден, доцна во ноќта имало појава на нов пожар во правец над Градовци во близина на веќе постоечкииот пожар, но, екипите од ЈП „Македонски Шуми” повторно иако ноќе, го средиле.

    -Неколку дена после тоа, или поточно во четвртокот на 20 август во раните утрински часови повторно на неколку нови точки сериозно ни го проширија овој пожар на планината Китка, ШСЕ Китка, поточно во оддел 17 во место викано Попово Гумно, на непристапен терен сакајќи да предизвикаат опасност да премине према селото Тисовица каде теренот е уште погуст, див и непрооден. Но, со натчовечки напори, се реши и оваа состојба и во текот на ноќта беше решена и оваа сериозно нова лоша ситуација. И тука не застана приказната луѓе. Во петок, завчера, затоа што видоа или виде дека има доста присуство на терен, воздухоплови и дронови, не запалија ноќта, некаде после 21 часот. Во рок од еден час, во петокот од 21 до 22 часот се појавија три нови пожари и тоа првиот на патот од село Добрино, место викано Маларека. Вториот пожар се појави на патот помеѓу селото Страхојадица и селото Тисовица кај место викано Бабин дол, повторно запален на истиот патен правец на работ на самиот пат. Третиот последователен пожар таа ноќ ни го запалија повторно на патот помеѓу селата Страхојадица и селото Тисовица, на место викано Грнчарица, повторно во атарот на село Градовци, општина Зелениково како пред неколку дена, дополнува Михаилов.

    Михаилов посочува дека на сите три нови запалени точки, до доцна во ноќта делувале вработените од подрачното шумско стопанство Караџица, градоначалникот на Зелениково со неколку луѓе и противпожарното возило на општина Зелениково како и ТППЕ Драчево.

    -И така, тие постојано си палат, а ние постојано и се уште си гасиме. Дефинитивно некој таму сака или да ни изгоре некое село или да отиде што поголема шумска површина, не знам што им е целта. И покрај тоа што секојдневно таму делуваат авионите и хеликоптерите од воздух и пешадијата каде што може на терен, со ваков интензитет на често ново разгорување на линијата не може лесно да го решиме овој пожар и наизменично повеќе населени места ни се во опасност, па ги браниме. Опасноста покрај Рамни Габер помина, но, вчера и денеска ни е во сериозна опасност населеното место Палиград. И никако херметички во вистинска смисла не може да го затвориме овој предел затоа што има доста ридски планински населени места кои се живи, а има и доста граѓани кои имаат најразлични други имоти таму и не можеме целосно да им го ограничиме движењето. Но, мораме дефинитивно да најдеме начин овие будали некако да ги застанеме – вели Михаилов во објавата на Фејсбук.

    Прочитај повеќе

    МВР: Констатирани 140 прекршоци и осум кривични пријави за возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли

    24.08.2026 во 18:14

    УХМР предупредува: Подгответе се за невреме

    24.08.2026 во 18:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.