Close Menu
Press24
    Најново

    Нов ужас во Кисела Вода: Скопјанец тепал сопруга и малолетна ќерка со тврд предмет

    18.03.2026 во 14:02

    Избран нов државен јавен обвинител: Ненад Савески ја доби довербата од пратениците

    18.03.2026 во 13:44

    Тренчевска: Власта го претвора обвинителството во своја „продолжена рака“

    18.03.2026 во 13:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нов ужас во Кисела Вода: Скопјанец тепал сопруга и малолетна ќерка со тврд предмет
    • Избран нов државен јавен обвинител: Ненад Савески ја доби довербата од пратениците
    • Тренчевска: Власта го претвора обвинителството во своја „продолжена рака“
    • (ФОТО) Скопје се чисти: Градоначалникот Ѓорѓиевски најави нов пристап во одржувањето на хигиената
    • Хаос во Македонска Каменица: Пијан тракторист удрил во „Пасат“, па побегнал од местото
    • Крадец падна во рацете на полицијата: Пред три дена провалил во џамија во гостиварско
    • Подгответе се за голем пресврт: Температурите паѓаат под нулата
    • Тошковски потпиша меморандум: Поголема заштита за жените жртви на насилство и нови обуки за полицијата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицотакис: Од 27 барања на земјоделците, само седум не можат да се исполнат

    Мицотакис: Од 27 барања на земјоделците, само седум не можат да се исполнат

    21.12.2025 во 14:462 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Од вкупно 27 барања испорачани од грчките земјоделци, Владата веќе исполнила или позитивно одговорила на 16. Четири се во фаза на дискусија, додека седум се отфрлени бидејќи се финансиски неизводливи или се косат со правилата на ЕУ. Ова е билансот што го објави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, порачувајќи дека државата е отворена за дијалог, но „не и за неразумни барања“.

    Во своето неделно обраќање, Мицотакис упати остра критика кон земјоделците кои веќе три недели ја држат земјата под блокада, нагласувајќи дека одбивањето дијалог не носи ништо добро.

    Премиерот предупреди дека последиците врз економијата и туризмот стануваат сериозни, особено во пресрет на празниците.

    „Економските последици од блокадите врз остатокот од општеството веќе се очигледни. Борбата за остварување на барањата мора секогаш да биде со почит кон општеството во целина. А ако земјоделците од блокадите одбиваат да ја слушнат Владата, нека ги слушнат хотелиерите, угостителите, стопанските комори од нивната област. Нивните пријатели и роднини кои сакаат да патуваат и да ги посетат за празниците. Но, нека размислат и за нашата татковина, за нејзината меѓународна трговија и економската активност, врз кои нивните протести влијаат негативно и, секако, без никакво позитивно влијание врз нивните барања“, напиша Мицотакис на Фејсбук.

    Земјоделците, кои од 30 ноември поставија над 60 блокади низ Грција, денеска одлучуваат за следните чекори. Најавите се дека за време на Божиќ и Нова година ќе ги отворат патиштата за сообраќај, но тракторите симболично ќе останат паркирани покрај улиците.

    Популарно

    Романија итно испрати два борбени авиони Ф-16, упатено е предупредување до населението

    17.03.2026 во 22:44

    Рекорд без него нема да биде исто место – Чичко Драги ќе биде погребан утре

    18.03.2026 во 09:17

    Иран го нападна Израел со над 100 ракети – одмазда за убиството на Лариџани

    18.03.2026 во 10:41

    Лажен продавач на мебел „олесни“ тетовчанка за 550 евра: Внимавајте со кого се договарате

    17.03.2026 во 23:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.