редба меѓу грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и претставници на земјоделците се очекува да се одржи в понеделник, под услов патиштата низ цела Грција да останат отворени. Ова денеска го повтори и владиниот портпарол, нагласувајќи дека отворањето на сообраќајниците е главен предуслов за дијалогот.

Мнозинството од грчките земјоделци во вторникот одбија средба со Мицотакис, бидејќи, како што наведоа, не беа исполнети нивните предуслови. Сепак, по вчерашниот заеднички состанок, тие одговорија позитивно на новата покана за разговори.

Земјоделците од сите 62 блокади низ земјата вчера одржаа состанок и одлучија нивна делегација составена од 25 претставници, со дополнителни пет резервни членови, да се сретне со премиерот. Делегацијата ќе ги претставува земјоделците, сточарите, рибарите и пчеларите, а датумот на средбата ќе го одреди Владата.

Владиниот портпарол Павлос Маринакис повтори дека, освен отворените патишта, уште еден услов е на состанокот да не учествуваат земјоделци кои покажале деликвентно однесување за време на протестите.

„Мислам дека предусловите не се страшни, туку се подразбираат. Целта не е некој да излезе како победник од ова, она што има вредност е луѓето да добијат нешто повеќе за нивниот сектор, во конкретниот случај, земјоделците и сточарите. Ние се стремиме кон средби и како што гледате покажуваме добри намери, под предуслов да се почитуваат условите, особено условот да останат отворени патиштата за да се реализира следната средба“, посочи Маринакис.

Според најавите, до одржувањето на средбата в понеделник не се очекува затворање на автопатиштата и граничните премини. Тракторите, како и досега, ќе останат паркирани на блокадите.

Exit mobile version