Мицковски: Бутел е општина со импозантна бројка на реализирани капитални проекти

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски при денешната посета на општината Бутел изјави дека е навистина задоволен од импозантната бројка на реализирана проекти во оваа општина, кои биле ветени во предизборната програма на градоначалникот, Дарко Костовски.

Навистина сум среќен што можам да посведочам една озбилна трансформација на општина Бутел. Општина која што би рекол некако беше ставен на маргините на владата на СДСМ и ДУИ. Но, благодарение на градоначалникот Дарко Костовски, администрацијата, советниците, мнозинството во советот, гледаме како на дневна основа се менува во позитивна смисла, се трансформира и тоа е само одличен пример како после победата на 8 мај идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја трансформира Македонија.

Има многу проекти кои што се подготвени од страна на тимот на градоначалникот, Дарко вредно работи заедно со администрацијата и својот тим тука во општина Бутел. Проектите се готови, така што за неколку месеци од денеска и тие проекти кои што не беа дел од кампањата, а кои се потреба на бутелчани ќе бидат реализирани. И јас мислам дека на тој начин само ќе додадеме вредност врз квалитетот на животот на бутелчани.

Посакувам многу успешни проекти, многу среќа пред се, затоа што и среќата е потребна, и само вака да се собираме за убави работи како што е овој проект кој што денеска заедно со вас медиуми го видов -  рече Мицкоски.

11.02.2024 - 14:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега