Мицкоски: Заев ги загуби сите преговарачки позиции со Бугарија

Покрај стандардно лошото справување со пандемијата, власта економијата имаше дебакл на меѓународен план и една трговија со главните атрибути на еден народ, на една нација и на држава. Заев ги загуби сите преговарачки позиции со Бугарија, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата „200“ на Алсат М Телевизија.

Истакна дека ова сега се последиците поради погрешните политики на Заев, бидејќи опозицијата уште на самиот почеток го предупредуваше дека вакви циркус, акробатски политики не треба да се водат.

- Треба да се седне и да се разговара за стратегија, затоа што тоа го прават тие кои што седат на другата страна на масата за преговори. И цело време го предупредувавме дека брзоплети потези не се влеча, затоа што секој погрешен потег кога ќе го извлечете вие, можеби ќе совладате една препрека, но не гледате дека следните препреки стануваат се поголеми, потенцираше Мицкоски.

Тој нагласи дека затоа што еднаш кога ќе ја изгубите преговарачката позиција, особено кога преговарате со поголеми и помоќен, тогаш не треба да очекувате дека додека сте на масата за преговори ќе ја повратите.

- Затоа досега во овие 30 години ниту еден политичар не се дрзнал да го направи тоа то го направи зоран Заев, затоа што знаел дека на тој начин практично ги урива сите преговарачки позиции градени изминатите години и децении.  На онаа втора средба во Клубот на пратеници кога тој велеше дека е спремен да води за Илинденска Македонија, го предупредивив на самата средба, но и надвор, немој да ги напушташт преговарачките позиции, ова е прв чекор кон тоа некој да прифати промена на Устав и ерга омнес. Затоа што следното ќе биде стапот, морковот кога ќе го земат ќе биде стапот. И тоа се случи. Сега кога вие ќе ја отворите малку Пандорината кутија што мислтие со останатите соседи, вели Мицкоски.

Мицкоски додаде дека треба да се има предвид дека и другите соседи ќе сакаат уште повеќе да се отвори Пандорината  кутија, имајќи предвид што зборувал Заев кога бил опозиционер во неговите лични контакти со тие политичари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.12.2020 - 22:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега