Мицкоски заедно со Силјановска на самитот на ЕПП во Букурешт
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со кандидатот за претседател, Гордана Силјановска Давкова, потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и Тимчо Муцунски како и секретарот за меѓународна соработка, Стефан Андоновски се во дводневна посета на Букурешт, Романија каде ќе присуствуваат на двовневниот конгрес на Европската народна партија(ЕПП), информираат од ВМРО-ДПМНЕ
„Денес во 16 и 50 часот пред делегатите на Европската народна партија свое обраќање ќе има и претседателот, Христијан Мицкоски.
Во текот на овие два дена на самитот во Букурешт претседателот Мицкоски ќе има повеќе значајни билатерални средби со високи европски политички лидери.
Исто така на овој двовневневен конгрес се очекува претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен да биде предложена да ја води листата на ЕПП на престојните избори за Европскиот Парламент“ - се вели во партиското соопштение.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа