Мицкоски за влезот на Македонија во СЕПА: Граѓаните ќе заштедуваат од 50 до 60 милиони евра

 

Со влесот на Македонија во СЕПА, граѓаните ќе заштедуваат од 50 до 60 милиони евра и дотаците нема да се чекат со денови како до сега туку граѓаните веднаш ќе ги гледаат парите на своите сметки, изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање токму во однос на влезот на Македонија во Европската европлатежна зона (СЕПА).

-Конечно како држава влеговме во Европската европлатежна зона. Таоа значи дека нашата дијаспора која што има сметка во банките од ЕУ, кога ќе префрли дотација овде кај нас на некое физичко лице кое што сметка во некоја од комерцијалните банки, тоа ќе биде веднаш направено и без да се чека со денови и без дополнителни трошоци. Ако имаме предвид дека тие дотаци на годишно ниво се повеќе можеби од 1 милијарда, сметајте дека граѓаните ќе заштедуваат меѓу 50 и 60 милиони евра. Тоа колку „данокот на луксус“ кое го одзема СДСМ од граѓаните, а сега треба ние како Влада да го плаќаме како резултат на Одлуката на Уставниот суд. Годишно толку ќе заштедуват граѓаните и веднаш парите ќе ги гледат на својата сметка, појасни Мицкоски.

07.03.2025 - 13:10

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега