Мицкоски за изјавите на Заев: Вчера ме нарече „Мицко“, а денеска кажа дека сум бил „изгубен“ - вчудоневиден сум од примитивизмот

Вчера ме нарече “Мицко”, си помислив дека било мал лапсус, денес продолжи дека сум бил “изгубен”, а јас сум само вчудоневиден од примитивизмот на поединци, кои навредуваат мислејќи дека така ќе привлечат внимание, а ги има неколкумина, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Фејсбук.

„Нема да навредувам и на идентичен начин да одговорам само ќе констатирам дека народот е уморен од криминал, корупција, безидејност, примитивизам, неспособност, барем малку да го зачуваме нивото и достоинството. Жалам што граѓаните мора и вакви политичари да читаат и слушаат“, напиша Мицкоски.

16.06.2021 - 16:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега