Мицкоски: За 30 месеци успеавме да турнеме ненародна власт, правата битка ја добивме, следи втората

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на средба со граѓаните во скопска Гази Баба рече  дека веќе не се поставува прашањето кој е победникот на 15 јули, туку колку ќе биде победата.

„И овој наш маратон започна пред нешто повеќе од пред две и пол години. Внимателно чекоревме и можам да кажам не беше ниту едноставно, ниту лесно. Имаше и критика треба да сме искрени секогаш, ни велеа млаки сте треба појако да загризите, но пусто човек не може да каже се гласно зошто противникот ќе ја знае стратегијата. Ги слушавме критиките, но критика од близок не боли, туку те прави посилен, похрабар, а  вие бевте нашиот мотив да бидеме подобри. За само 30 месеци успеавме да турнеме ваква ненародна власт. Правата битка ја добивме, следи втората, одлучувачката и таа е јасна, победникот е ВМРО-ДПМНЕ“, кажа Мицкоски.

По 15 јули и по победата, рече Мицкоски, не чека поголем предизвик, да ги засукаме ракавите да си ја обновиме државата.

Мицкоски потсети како функционира СДСМ или прв чекор, лага пред избори, втор чекор, национално уништување и срам, третиот, пљачка и криминал и четвртиот заробено обвинителствио и судство за да се пресметаа со политичкиот противник или да се амнестираат за нешто што сториле.  Мицкоски потсети и на генерациите во СДСМ кои го продадоа знамето, ја уништуваа економијата, на генерации кои ја правеа територијалната поделба кога се парчеше Македонија, потсети и на криминалниот тендер за тенковските делови кога практично се пљачкаше народот, и сега за оваа генерација за која како што рече „се е во една Луј Вутон чанта“.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека сите заедно се за една унитарна Македонија, без разлика на етничка припадност.

„Ова што го прават СДСМ и Беса, распарчување, ставање на маса на државата, против ова се сите Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи и сите останати“, рече Мицкоски.

Мицкоски укажа и на сите лаги на СДСМ како повисоки плати, достоинство за младите, за земјоделците, а сликата е поинаква младите си отидоа, земјоделците се понижени. Мицкоски ги посочи и лагите и ветувањата за правда и мир, но наместо правда и мир граѓаните видоа немир и неправда,  Луј Вутон обвинителство и трас-трас судство.

„Затоа ги повикувам сите кои не подржуваат, но и оние неопределените, како и оние симпатизери на СДСМ, дојдете со нас. Ајде прво да ја ослободиме Македонија, а потоа и вашата партија од овие луѓе. Дојдете со нас тука нема разлики, ние се бориме против криминалците, против оние кои го хушкаат народот за да си делат тендери, да возат мајбах, а народот има една мака само како да врзе од први со први, како да го помине месецот“, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека борбата на ВМРО-ДПМНЕ е борба за вредности, чест, достоинство, трудољубивост, почитување, хуманост, тоа се одликите и вредностите кои го красат овој наро, а кои по пат како да ги заборавивме.

„Ајде да се обидиме за подобро утре, за правдата“, кажа Мицкоски укажувајќи дека клучно е да се види потеклото на имотот на политичарите.

„Многу внимателно ја пишувавме оваа читанка Проект-Обнова, се сеќавате се среќаваме со вас, тука има и ваши проекти. Внимателно гледавме како да ја зголемиме плата, пензиите, како да дојдеме до нови илјада километри патишта, како да го намалиме данокот, како да дојдеме до 4 милијарди домашни и странски инвестиции…“, кажа Мицкоски.

На крајот Мицкоски порача народот на 15 јули да се обедини, да излезе и да го заокружи бројот 14 за да се стави крај на сите неправди и да се започне со обнова на Македонија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.07.2020 - 22:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега