Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на почетокот на изградбата на дел од собирните улици „Никола Карев“ и дел од градската магистрална улица „Новопланирана 1“ во Кочани, каде што ќе даде изјава за медиумите.

Од Секторот за односи со јавноста на Влада на Република Северна Македонија информираат дека потоа премиерот ќе изврши увид во градежните работи на мостот на Кочанска Река, кој ќе ги поврзува улиците „Лазар Андонов“ и „Вера Которка“.

Во рамки на посетата, предвиден е и увид во градежните работи при изградбата на дел од потисниот цевковод – од јазол до изливниот базен на препумпната станица од водоводниот систем.

Exit mobile version