Мицкоски: Власта вишоците на струја наместо да ги краде да им ги понуди на компаниите за да се зачуваат работните места

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на Прилеп одговарајќи на новинарско прашање кажа дека понудиле решенија за олеснување на тешката состојба на стопаноството и компаниите.

„Понудивме решенија кои се однесуваат на олеснување на тешката состојба на стопанството и компаниите и затоа предложив да вишоците кои ги произведува поранешно АД ЕЛЕМ, денешно ЕСМ, наместо на сомнителен начин да завршуваат во приватни компании и понатаму некаде на Балканот, да ги отстапи за производната цена на стопанството, за да може стопанството тие вишоци да ги користи, и да се зачуваат работни места“, изјави Мицкоски.

Мицкоски посочи наместо да плаќаат компаниите цена за струјата од 300-400 евра за мегават час, да  му плати на ЕСМ онолку колку што навистина го чини, според пресметките тоа би било некаде помеѓу 80 и 90 евра за мегават час.

„И не само ноќните вишоци, туку и оние вишоци кои се случуваат за време на викендот посебно во недела. Но за тоа да се случи потребно е компаниите да работат во недела. А за да работат во недела треба да се интервенира во Законот за работни односи и Законот за трговија па да им се дозволи на компаниите со работниците да изберат тие самите кој ден ќе биде неработен, а недела да можат да го работат“, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека недела да биде работен ден и да ги искористат овие ноќни вишоци за да може да ги зачуваат работните места, да не испуштаат работници, односно да не бидат работниците во незивесност како ќе ги прехранат семејствата во услови на тешка финансиска и енергетска криза.

„Втората мерка е за оние компании кои понатаму ќе имаат потреба покрај овие вишоци да набавуваат струја, онаа разлика од регулираната до набавената половина да ја плати владата. според нашите калкулации оваа пресметка би изнесувала не повеќе од 50 милиони евра. Тоа се пари кои редовно овие 5 години во првото тромесечие, официјалните лица на оваа влада ги крадат. Затоа кога зборуваат за штедење треба да се свртат самите кон себе и да престанат да крадат. Ако престанат да крадат тогаш ќе има пари за оваа мерка. Наместо овие пари да ги крадат преку ископ и наместени тендери во РЕК Битола, за мазут, јаглен, тоа пари да завршат во стопанството да спасиме работни места“, изјави Мицкоски.

Мицкоски му порача на Ковачевски да се заврти кон себе и функционерите од власта, тоа е отприлика пола дневница колку што ја крадат функционерите на власта и ете ја заштедата.

 

11.10.2022 - 13:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега