Мицкоски: Ваков-каков што е, пописот е политичка, а не статистичка операција

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва во гостувањето на Дневникот во Сител рече дека неговата партија нема ништо против да се спроведе попис, но тоа треба да биде статистичка, а не политичка операција.

Мицкоски вели дека опозицијата предлага при попишувањето на населението да се користат машини за читање на отисоците од прсти.

За опозицискиот лидер не е сфатливо зошто мора да се има двоен потпис од директорот на Државниот завод за статистика и неговиот заменик за да спроведе пописот.

-Ние велим дека и така треба да имаме локални избори каде што ќе треба практично граѓаните да гласаат со тоа што ќе ги стават нивните показалец, или некој друг прст во терминалот, дајте тие да ги искористиме за пописот. Да видиме кое е резидентното население бидејќи ние попишуваме резидентно население, тие што се тука. Ние не можеме да си играме со концептите, се знае како се спроведува попис. Ние не сме најпаметните, се знае како се прави попис, рече Мицкоски.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ е за тоа со пописот да се даде одговор на прашањето – како Македонија треба да се развива во иднина.

-Она кое што практично се обидува владејачкото мнозинство да го направи во рамките на Собранието е фино насилство врз граѓаните на Македонија и да направи една операција која што дефинитивно ќе биде политичка. Ние нормално, треба да се спротивставиме. Ние се обидовме преку 40 амандмани да го подобриме текстот на Законот. Таму, во рамките на комисиската расправа имаше укор кон директорот на Заводот за статистика од страна на поранешен министер за внатрешни работи „Не се мешај, не коментирај, се веќе договорено“. Отприлика така заврши таа дебата. Ние се обидовме како опозиција да интервенираме со 40 амандмани. Никој не ги прифати тие 40 амандмани и сега се доведувате во ситуација да барате алтернативни решение. Ние велиме, ќе поднесеме граѓанска иницијатива која што ќе биде поткрепена со потписите на пратениците на опозицијата  во рамките на Собранието за која очекуваме да биде прифатена од страна на претседателот и да биде ставена на дневен ред и која што ќе предизвика укинување на Законот за попис, рече Мицкоски.

Според него, ваков-каков што е, пописот ќе биде политичка, а не статистичка операција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.01.2021 - 19:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега