Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, утре, 29 септември 2026 година, со почеток во 10:00 часот, ќе присуствува на промоцијата на капиталниот проект на АД ЕСМ „Ревитализација на хидроелектраните – Фаза 3“.

Настанот ќе се одржи во Музејот на град Скопје – Стара железничка станица.

Како што е најавено, по промоцијата на проектот, изјава за медиумите ќе даде премиерот Христијан Мицкоски.

Exit mobile version