Мицкоски: Тие што сакаат да ме сменат се слуги на Заев - режимот ќе падне а после сите ќе одговараат

Кон крајот на ноември ВМРО-ДПМНЕ ќе има редовен конгрес кој се одржува на секои 4 години и ќе можеме да разговараме за заедничките чекори коишто идното раковдство на партијата ќе ги преземе, коешто ќе биде избрано на тој конгрес, кажа денеска лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.

„Доколкуу ме прашувате за оваа т.н. иницијатива на мал број на луѓе заробеници и слуги на Зоран Заев коишто се обидуваат да манипулираат со дел од делегатите коишто беа присутни на конгресот и во Куманово и во Валндово, со единствена цел да додбијат милост од нивниот стопан Зоран Заев за да можат да се спасат од определен политички прогон којшто се случува за нив денес. Јас можам да ги разберам, но не можам да ги оправдам. 

Јас сум го одбрал мојот пат, мојот пат е да му служам на ммакедонскиот народ и на организацијата, а тие го одбрале нивниот пат дас му слугуваат на Зорфан Заев. Режимот ќе падне , а со него ќе падне и Зоран Заев, а потоа следи одговорност за сите оние криминалци коишто се обидуваат да ѝ наштетат на Македонија“, кажа Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.02.2021 - 15:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега