Close Menu
Press24
    Најново

    Нов ценовен шок – Полн резервоар дизел од полноќ поскап за 1.500 денари

    24.03.2026 во 08:35

    Исклучувања до 14 часот – Неколку населби во Скопје без струја

    24.03.2026 во 08:27

    Награди за најдобра истражувачка сторија – „Никола Младенов 2025“

    24.03.2026 во 08:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нов ценовен шок – Полн резервоар дизел од полноќ поскап за 1.500 денари
    • Исклучувања до 14 часот – Неколку населби во Скопје без струја
    • Награди за најдобра истражувачка сторија – „Никола Младенов 2025“
    • Повеќе од 50 уметници на сцена – „Глумците пеат“ во МНТ
    • Партија на пензионери ја поздравува одлуката на Влада за поевтинување на 300 лекови
    • Сиљановска во Хрватска: Тет-а-тет средби со Милановиќ и Пленковиќ
    • Кампања за подигнување на свеста за ризиците од мало и лесно оружје – Тошковски и Јаневска на настанот
    • Мицкоски и Рокас на тркалезна маса „Воведување на уставна жалба“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Тајните договори на Венко и Стевче не поминуваат, Сотир Лукровски ќе победи во Карпош

    Мицкоски: Тајните договори на Венко и Стевче не поминуваат, Сотир Лукровски ќе победи во Карпош

    08.10.2025 во 21:464 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    На денешниот народен митинг во Карпош во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, обраќање имаше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при што кажа дека Венко Филипче и градоначалникот Стевчо Јакимовски се дел од системот кој ќе го променат а Сотир Лукровски убедливо води на анкетите во Карпош.

    Мицкоски се осврна на политичките пазарења од страна на актуелниот градоначалник на Карпош и претседателот на СДСМ и им порача дека со гласовите на народот не може да се пазарат и дека тие тајни дилови нема да им поминат.

    „Тука сме во Карпош, каде граѓаните се соочуваат со еден феномен на киднапирање на општината за лични интереси и криење зад функцијата зашто без функцијата тој човек е ништо. Но внимавајте има една замка голема која што се обидуваат да ја подготват, а пред неколку дена тајно во седиштето на СДСМ овој кандидатот и актуелен градоначалник во Карпош заедно со претседателот на СДСМ мислеле, премерувале како да обезбедат 2000 гласа за него од СДСМ да ја пуштат нивната кандидатка низ вода а тој да влезел во вториот круг. Но тука има непознати во оваа равенка. А јас знаете дека сум по равенките и математички прецизно ќе им порачам. Прв проблем, народот не е квантум на гласови, не е тоа вреќа, па ќе купите и ќе претурите, тоа се луѓе со судбини, со иднина, со предизвици, со животи. Тоа се семејства со мечти и амбиции, кои знаат, кои критично гледаат на работите, и оценуваат. Посебно затоа што анкетите се така јасни што дури и од Горни Милановац да донесете гласачи, каде еден познат македонски политичар имал кариера во минатото, повторно нема да им успее.“ истакна Мицкоски

    Мицкоски кажа дека над 65 проценти од граѓаните во Карпош се против реизбор на Стевчо Јакимовски, а според последната анкета Сотир Лукровски убедливо победува во првиот круг на овие избори.

    „Преку 65 проценти на карпошани велат дека актуелниот градоначалник не заслужува реизбор. А според последната анкета убедлив фаворит за иден градоначалник на општина Карпош е токму Сотир Лукровски и тоа уште во првиот круг. Јас го познавам тој човек многу добро. Сотир е човек чиј живот поминал во борба и низ предизвици полни со егзистенцијални аспекти, и со срце ко планина. Памтете ми го зборот. И ќе видите во периодот кој следи. На него може да се ослоните кога имате проблем, со него може да разговарате и да ве разбере и да ви помогне, за него суетата е туѓа, тој сослушува, знае да одбере одличен тим, и што е најважно знае да испорача резултати, на него може да сметате кога Карпош ќе е во опасност од лоши намери на разни бизнис интереси, но и да знаете дека тој е спремен да оди и против блиски ако неговите принципи се доведени под прашање или ако Карпош и граѓаните не се согласуваат со нешто. Тоа е Сотир Лукровски, чиј најголем проблем оваа кампања му е што бил мој другар. И за кого не може да кажат ништо лошо освен да измислуваат“ кажа Мицкоски.

    Мицкоски упати пораки и до кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Карпош, Сотир Лукровски.

    „Почитуван Сотир,  оваа кампања како кандидат за првпат вака одблиску ја гледаш и прљавата страна на политиката. Јас тоа го искусив многу одамна низ еден тежок пат на проблеми и предизвици, во кои и ти беше покрај мене, кога ме нарекуваа со најлоши зборови, кога ми ја саботираа партијата и иднината, кога ми лепеа разни глупости и етикети те хидро, те анти-ЕУ. Го преживеавме тоа и ги победивме. Но сега ти директно го гледаш тоа. Знам дека твоја желба е да ја исчистиш политиката од калта и бахатоста, и во тоа секогаш ќе ја имаш мојата поддршка. Ја знам твојата волја и ја знам твојата мотивација и знам дека ќе успееш. Знам дека заедно ќе успееме. Рамо до рамо, сите како еден со граѓаните на Карпош, каде новата енергија ќе се чувствува од првиот ден, а промените ќе ја вратат надежта и оптимизмот и вербата дека може подобро. Тоа се оние верба и надеж кои се губат низ политичките препирки, но повторно оживуваат низ делата и проектите за добро на граѓаните. Дела кои мора да ги создадеме за граѓаните, и иднина која мора да ја изградиме за сите семејства“ заклучи Мицкоски.

    Популарно

    Нов ценовен шок – Полн резервоар дизел од полноќ поскап за 1.500 денари

    24.03.2026 во 08:35

    Исклучувања до 14 часот – Неколку населби во Скопје без струја

    24.03.2026 во 08:27

    Награди за најдобра истражувачка сторија – „Никола Младенов 2025“

    24.03.2026 во 08:25

    Повеќе од 50 уметници на сцена – „Глумците пеат“ во МНТ

    24.03.2026 во 08:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.