Мицкоски: Собрани над 500 потписи за неполн час – на потег е Собранието

 
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска официјално ја поднесе иницијативата за референдум, а еден час подоцна објави статус на кој порача дека се собрани над 500 потписи.
 
„Собрани над 500 потписи за неполн час, иако за иницијативата за референдум се потребни само 100. Благодарам за брзиот одговор и иницијативност. Народот не сака решенија со кои се негира нашата посебност и идентитет. На потег е Собранието“, напиша Мицкоски.
 
Во продолжение следи неговиот статус на Фејсбук.

07.09.2022 - 16:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега