Close Menu
Press24
    Најново

    Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември

    28.10.2026 во 18:27

    Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“

    28.10.2026 во 18:11

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
    • Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски со остра порака до судиите и обвинителите: Нема да добијат ни денар повеќе

    Мицкоски со остра порака до судиите и обвинителите: Нема да добијат ни денар повеќе

    18.07.2026 во 14:122 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата нема да одобри дополнителни средства за судството и обвинителството, оценувајќи дека судиите и обвинителите не ги заслужиле, сè додека не покажат подобри резултати во испораката на правда.

    Коментирајќи го последниот извештај на Европската комисија за состојбите во правосудството, Мицкоски рече дека станува збор за редовен извештај кој содржи и позитивни оценки и критики.

    -Од сите досегашни, ова е најдобар извештај за нас како држава. Не е идеален, има забелешки, но има и многу пофалби за проектите и политиките што се реализираат- изјави премиерот.

    Тој најави дека и понатаму јавно ќе бара од судиите и обвинителите да испорачуваат правда, нагласувајќи дека граѓаните не се задоволни од функционирањето на правосудниот систем.

    – Ќе продолжам да ги критикувам и јавно да барам резултати. Граѓаните сами гледаат дека нема задоволителна испорака на правда- рече Мицкоски.

    Премиерот беше дециден дека нема да бидат прифатени барањата за зголемување на буџетот за правосудните институции, иако такви одредби се предвидени во законите.

    -Пари повеќе нема да добијат. Не ги заслужиле. Очекуваме прво да испорачуваат правда, а не да бараат повеќе средства-  порача Мицкоски.

    Според него, независноста на правосудството не се обезбедува со поголем буџет, туку со професионална и одговорна работа. Тој додаде дека Владата веќе ги исполнила обврските поврзани со кадровската екипираност и институционалната самостојност, но нема да попушти под какви било притисоци за дополнително финансирање.

    Прочитај повеќе

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56

    Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел

    28.10.2026 во 17:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.