Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со амбасадорката на Народна Република Кина, Џијанг Сјаојан, на која беа потврдени одличните билатерални односи меѓу двете земји. Главниот фокус на разговорите бил ставен врз потенцијалот за нови заеднички проекти кои треба да го забрзаат економскиот напредок.
„Односите меѓу нашите две земји се темелат на взаемна почит и соработка. Верувам дека постои значителен потенцијал за натамошно унапредување на соработката преку конкретни иницијативи кои ќе придонесат за подобра благосостојба на граѓаните“, истакна Мицкоски по средбата.
Премиерот нагласи дека во наредниот период се очекува интензивирање на контактите во областите на инфраструктурата и економијата, како клучни столбови на идното партнерство.

