Мицкоски: Со Али Ахмети не почнавме никакви преговори, ќе почекаме да видиме што договориле Заев и Ахмети
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и на денешната прес-конференција тврдеше дека на последните парламентарни избори легитимен победник кој треба да преговара за влада е ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски рече дека на разговорот со Али Ахмети што минатата недела се водеше во Собранието не се почнати преговори.
– Со Али Ахмети имавме едночасовна средба на таа средба минатата недела во Собранието. На таа средба Ахмети ме информираше дека ќе отпочне преговори со СДСМ со изговор дека тоа е партијата која победила во македоснкиот блок. Му реков дека не се согласувам со тоа и дека на кај Македонците победи ВМРО-ДПМНЕ и убедливо победи, но добро тој е политичар со искуство и му посакав среќа во преговорите . Тоа беше разговорот што го водевме со Али Ахмети – рече Мицкоски.
Мицкоски појасни дека ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија во рамки на Парламентот има 40 пратеници, а СДСМ има 32, што на ВМРО-ДПМНЕ, како што рече, му дава легитимитет како победник на изборите.
– Коалицијата на ВМРО-ДПМНе има 44 ,а коалицијата на СДСМ 42 пратеника. Заедно со Беса имаат 46 пратеника. Заначи партијата ВМРО-ДПМНЕ е легитимен победник – рече Мицкоски.
Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ нема да преговора врз основа на дикатати , туку ќе преговара врз основа на програма.
– Кога ќе имаме нешто конкретно ќе ја информираме јавноста. Но сега ќе почекаме да видиме што договориле СДСМ и ДУИ – рече Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа