Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку инспиративно обраќање ја даде својата поддршка за кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, потенцирајќи дека на главниот град му е потребен лидер со карактер, визија и резултати, а не само политичка титула.

Мицкоски остро се осврна на моменталната состојба во градот, велејќи дека Скопје денес е „заглавено во дневната политика, нефункционалноста и хаосот“, каде што јавниот превоз е во колапс, институциите не функционираат, а граѓаните се оставени сами на себе.

„Скопје мора да се поврзува, да се градат мостови, клучки и сообраќајници. Но исто така мораме да го вратиме и Скопје од нашите сеќавања – чисто, зелено, со култура и живот“, изјави Мицкоски.

Тој најави дека првата задача на новата администрација ќе биде утврдување одговорност за хаосот во кој се наоѓа градот – нефункционалниот јавен превоз, загаденоста, запуштените улици и дивите депонии.

„Мора да има одговорност за упропастениот и нефункционален град. Само така ќе почнеме нова ера на развој“, рече Мицкоски.

Истакнувајќи ја кандидатурата на Орце Ѓорѓиевски, Мицкоски потенцираше дека тој е „прво човек, а потоа градоначалник“.

„Орце веќе покажа во Кисела Вода како се работи – со чесност, труд и резултати. Не само зборови, туку конкретни дела. Затоа велам – ова не е партиски избор, туку човечки“, нагласи тој.

Како дел од визијата за ново Скопје, Мицкоски најави и силна советничка листа предводена од универзитетскиот професор Даме Димитровски, кој, според него, ќе придонесе со своето знаење, искуство и зелена визија за почист и поуреден град.

„Чест ми е што успеваме да ги задржиме такви луѓе во Македонија – компетентни, со интернационална кариера, кои сакаат да помогнат во развојот на Скопје“, рече Мицкоски.

Leave A Reply

Exit mobile version