Мицкоски: Сесловенските просветители Кирил и Методиј со своето дело се втемелија во великаните на европската и светската цивилизација

Во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија им го честитам 24 Мај - Денот на сесловенските просветители и учители, Светите браќа Кирил и Методиј.

Денес Македонија го чествува празникот на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј, кои со своето дело се втемелија во великаните на европската и светската цивилизација. До ден денес Македонците и светот им се благодарни на нашите просветители, чествувајќи го нивното дело.

Нивната света мисија за просветувањето и продуховување на словенските народи е само показател за силниот човечки дух и исконскиот порив да се зачува јазичната, културната и идентитетската посебност.

Во денешно време кога Македонија се соочува со негирање на македонскиот идентитет, култура и историја, потребна ни е сплотеност и обединување на македонските граѓани со цел да ги победиме лошите политики, да ги направиме промените во Македонија и да обезбедиме подобра иднина. Не смееме да дозволиме тргување со нашиот идентитет, и наша обврска е да се избориме за почитување на нашето наследство што е заложбина и аманет на нашите предци.

Светлиот пример на нашите просветители истовремено е и аманет да продолжиме на патот за обезбедување подобро образование и научна работа.

 

Уште еднаш нека ни е честит овој голем празник Денот и Големото дело на Светите Кирил и Методиј.

 

 

Со почит,

Проф. д-р Христијан Мицкоски

 

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

24.05.2022 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега