Мицкоски: Сериозно се работи за развој и регулација на крипто пазарот, со тоа ќе се обезбедат повеќе пари на пазарот и прилив во буџетот
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање дека ветувал развој и регулација на крипто пазарот, дали планирате нешто во иднина, рече дека веќе сериозно се работи, како и дека дел од посетите на луѓето кој што дојдоа и од САД и од други земји од Европа се со фокус на таа тема.
„Па да, веќе работиме сериозно. Дел од посетите на луѓето кој што дојдоа и од САД и од други земји од Европа се со фокус на таа тема и во периодот кој што ќе следи, ќе излеземе и со законска регулатива со која што сето ова ќе биде регулирано, ќе значи повеќе пари, приливи во буџетот, кои што ќе можеме да ги користиме за капитални проекти.“, истакна премиерот Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа