Премиерот Христијан Мицкоски оствари тет-а-тет средба со премиерот на Република Србија, проф. д-р Ѓуро Мацут.

Како што соопшти Мицкоски, за време на средбата биле разменети мислења за повеќе клучни теми од взаемен интерес за двете земји.

„Во отворен и конструктивен разговор разменивме мислења за актуелните регионални предизвици, можностите за продлабочување на билатералната соработка, економските односи, инфраструктурното поврзување и заедничките иницијативи што ќе придонесат за поголем развој и просперитет на двете држави“, објави македонскиот премиер.

На средбата била потврдена и заложбата за понатамошно развивање на односите меѓу Скопје и Белград.

„Ја потврдивме заедничката определба за натамошно унапредување на пријателските односи, засновани на меѓусебна почит, добрососедска соработка и заеднички интерес за стабилен и просперитетен регион“, додаде Мицкоски.

Exit mobile version