Close Menu
Press24
    Најново

    Уште време за аплицирање: Продолжени конкурсите за финансирање проекти во културата

    29.10.2026 во 10:33

    Ревизија со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

    29.10.2026 во 10:28

    Македонската полиција му затропала на врата: 60-годишен маж ќе лежи во затвор

    29.10.2026 во 10:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Уште време за аплицирање: Продолжени конкурсите за финансирање проекти во културата
    • Ревизија со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит
    • Македонската полиција му затропала на врата: 60-годишен маж ќе лежи во затвор
    • Финансиски злоупотреби во здравството – Под лупа и компанија со три болници во Скопје
    • ФОТО: Почина долгогодишен член на СДСМ – Оливер Спасовски со тага се прости од него
    • Надежите за преговори меѓу САД и Иран направија пресврт: Цената на нафтата тргна надолу
    • Нови детали: Ден Дончев меѓу пријавените во истрагата за милионски злоупотреби во здравството
    • Возел без дозвола, направил сообраќајка и избегал – МВР го фати
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Се радувам што дијалогот со Бугарија почна, се надевам ќе продолжи

    Мицкоски: Се радувам што дијалогот со Бугарија почна, се надевам ќе продолжи

    10.10.2026 во 13:012 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По советот од Европската комисија, дијалогот со Бугарија е почнат, меѓународните партнери се запознаени со содржината, продолжуваме да разговараме и кога ќе биде постигнат напредок ќе ги информираме граѓаните. Ова денеска го изјави премиерот Христијан Мицкоски на новинарски прашања по средбата на шефовите на дипломатиите на Македонија и Бугарија, Тимчо Муцунски и Велислава Петрова-Чамова во Софија и обидите за деблокада на евроинтеграциите на Македонија.

    По сингалите од Софија дека нема репреговарање и уставни измени со одложено дејство, премиерот денеска беше прашан каде го гледа излезот од ваквата блокада.

    „Во разговор, во дијалог, тоа е убавината на демократијата кога ќе разговарате и ќе водите дијалог. Јас се радувам што тој дијалог почна, се радувам што за дијалогот се запознаени нашите партнери. Тоа е убавината во демократијата, да разговарате кога имате различни ставови, а умешноста во демократијата е кога тие различни ставови ќе ги приближите и на крај ќе дојдете до компромис. Очекувам дијалогот да продолжи да се води и во одреден момент ставовите да се приближат и да дојдеме до решение“,рече Мицкоски.

    На прашање пак, дали е можна нова средба до декемврискиот самит, Мицкоски одговори:

    „Да оставиме процесот да се движи по природен пат. За се што треба јавноста да знае, ќе знае на време.“

    Прочитај повеќе

    Уште време за аплицирање: Продолжени конкурсите за финансирање проекти во културата

    29.10.2026 во 10:33

    Македонската полиција му затропала на врата: 60-годишен маж ќе лежи во затвор

    29.10.2026 во 10:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.