Мицкоски: Се обврзуваме на минимална плата од 18.000 денари кои ќе растат со просечната плата

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување на телевизија 24, посочи дека до крајот на мандатот на владата на ВМРО-ДПМНЕ минималната плата ќе стигне над 18.000 денари. 

Минималната плата оваа која што е сега дефинирана на 14.500 денари бидејќи тоа е законско решение, тоа е стекнато право, инаку таа е врзана со медијална плата кај нас и ако се направи симулација на растот на просечната плата кој што го предвидуваме до крајот на мандатот некаде би стигнала некаде повеќе од 18.000 денари, што цениме дека ќе биде реалност, вели Мицкоски.

 

Ние зборуваме да го следи трендот на 60 проценти од медијаната сама природна почнувајќи од ова почетна стапка сега 14.500, природно доколку растат просечните плати со стапка на растот од 25 проценти, ќе дојдеме ние до нешто над 18.000 денари. Така да нема да ја надмине, симулацијата е таа, вели Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.07.2020 - 21:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега