Мицкоски: СДСМ четири години ја пустоши Македонија
Ниту еден збор не кажуваат што направија изминативе 4 години кандидатите на СДСМ, само критикуваат, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Виница.
Мицкоски посочи дека по 17 октомври Заев го чека голем пораз, а по тоа следи нова влада и одговорност за стореното во изминатите 4 години.
„Кога би можел сега да имам некоја временска машина и да го вратам оној наш последен дуел и на прашањето што би му порачале на Зоран Заев би му кажал извади го тефтерот, извади го календарот и прочитај колку години си власт. Заборава дека тој и неговите мали зоранчиња четири години не пустошат, а она што најмногу умеат да го прават тоа е да крадат и да лажат“, рече Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека тоа е она кое најдобро го прават, крадење и лажење.
„И затоа нивната кампања е тоа што не треба, да биде кажуваат во што се најдобри. Да, најдобери се во крадење и лажење. Македонија е најкриминалната држава со најкорумпирани политичари. За 30 години независна држава најдоби се во крадење и лажење. Народот никогаш не живеел полошо. Минатата година литар зејтин беше 67 денари, оваа година литар зејтин е 97 денари. Млекото беше 45 денари, оваа година е 55 денари. Лани килограм брашно беше 34 денари сега е 40 денари. И дали народот живее подобро? Не, народот никогаш не бил посиромашен“, кажа Мицкоски.
Мицкоски укажа дека овие избори се шанса за промена, сега е време за победа и да го направиме спротивното што е правено во последните 30 години.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа