Close Menu
Press24
    Најново

    Голем удар за Белата куќа: Врховниот суд на САД ги поништи царините на Трамп

    20.02.2026 во 17:34

    Еве кој може да смета на речиси 1.500.000 динари: Српската влада усвои уште една програма за поддршка

    20.02.2026 во 17:08

    СДСМ: Извинување до Орце Ѓорѓиевски

    20.02.2026 во 16:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Голем удар за Белата куќа: Врховниот суд на САД ги поништи царините на Трамп
    • Еве кој може да смета на речиси 1.500.000 динари: Српската влада усвои уште една програма за поддршка
    • СДСМ: Извинување до Орце Ѓорѓиевски
    • (ФОТО) МВР со шокирачки детали за планираниот масакр во Македонија: Терористот спремал над 600 куршуми, ножеви, автоматски пушки и панцири
    • Неверојатна измама во Неготино: Mу оставил заклучена чанта со катанец, а му зел 4.000 евра
    • Падна Италијанец на Табановце: Се обидел да внесе цел арсенал оружје во Македонија
    • Спречен масакр во Македонија: Млад терорист од Мала Речица планирал напад како во американските училишта
    • Муцунски со полна агенда: Нови можности за соработка со Шведска, Португалија и Казахстан
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Резултатот од црната кампања на СДСМ се покажа на 19 октомври со нивните 3 општини

    Мицкоски: Резултатот од црната кампања на СДСМ се покажа на 19 октомври со нивните 3 општини

    24.10.2025 во 19:33
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати од денешниот настан одржан во Валандово, во рамки на вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат на 2 ноември 2025 година. Мицкоски се осврна на темата за локалните избори, од кои првиот круг беше одржан на 19 октомври годинава, а ВМРО-ДПМНЕ имаше убедлива победа во 33 општини. Според него, ова е историски резултат во независна Македонија, а дополни и дека кандидатот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ  за градоначалник на Град Скопје е во водство 3:1 во однос на неговиот противкандидат.

    ,,Ние цела кампања, од првиот ден до последниот, па и до ден денешен, ниту во еден момент не објавивме негативен спот за нашите политички противници, ниту во еден момент не водевме црна кампања, ниту во еден момент не ги нападнавме ад хоминем, ниту со ниски страсти“ вели Мицкоски.

    Мицкоски зборуваше за опозицијата, која според него, од првиот ден на изборната кампања водат црна кампања, а тоа се пресликува и за време на вториот круг од изборите.

    ,,Тие од првиот ден, до последниот ден, па и денеска, водат црна кампања. Мене ме спакуваа во парчиња во куфер, па потоа ми велеа дека ме презираат и што ли не им се случи. И резултатот од сето тоа го видоа граѓаните на 19 октомври, само 3 општини. Ние сме демохристијанска партија, ние со добро треба да ги совладаме нашите политички противници, само така ќе покажеме дека можеме поинаку, и дека сме поразлични од другите“, рече Мицкоски.

    Како што кажа Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ на 19 октомври освои 33 општини, а изминативе два дена, двајца од противкандидатите на кандидатите од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се откажале, и според него веќе може да се зборува за 35 градоначалници, што е историски резултат.

    ,,Тоа што е зад нас, еден факт кој што е немилосрден. Тоа се бројки. После првиот круг, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ освоија 33 градоначалници. Изминативе 2 дена, два противкандидати на нашите кандидати за градоначалници е откажаа, така што веќе можеме да зборуваме за 35 градоначалници“, истакна Мицкоски и додаде:

    ,,ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата водат, имаат веќе освоено градоначалник или се во круг како второпласирани, но тоа се во 6 општини каде што е многу мала, но и значителна разлика во вкупно 59 општини. До сега ваков историски резултат во независна Македонија не се случил“.

    Мицкоски се осврна и на трката за градоначалник на Град Скопје, каде кандидатот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, има предност 3:1 во однос на неговиот противкандидат, а истакна и дека очекува бројката на гласови за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ да биде околу 125-130 илјади во вториот круг од изборите.

    ,,Како коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, имаме победа или мнозинство во 58 општини во Македонија, и конечно на крај да споменам дека идниот градоначалник нашиот главен град, Скопје, има предност од 3:1 во однос на неговиот противкандидат, 92-3 илјади наспроти 30 илјади. И убедлива победа за Советот на Град Скопје, но истовремено очекуваме после вториот круг бројката на гласови за Орце Ѓорѓиевски да биде околу 125-130 илјади“, нагласи Мицкоски.

    Мицкоски додаде и дека ова е една од најточните и најпрецизни кампањи, со јасна порака, јасна визија и јасна дефиниција, што според него, ќе се постигне во годините кои следат.

    ,,Вие сте нашата инспирација, вие сте нашиот мотив, да продолжиме да се бориме, бидејќи вреди да се бори човек за секој еден кој што остана тука дома, да се бориме заедно за нашата татковина заедничка Македонија“, заклучи Мицкоски.

    Популарно

    „Сејф Сити“ не простува: Казна од 45 евра ако влезете на зелено, а останете заглавени среде крстосница

    19.02.2026 во 23:16

    СДСМ: Сопругата на Орце Георгиевски со чанта од 30.000 долари?

    20.02.2026 во 14:33

    Тешка сообраќајка во Скопје: Мотоциклист повреден по удар од отворена врата на Пежо

    19.02.2026 во 23:13

    УХМР со најава: Ќе истури дожд

    20.02.2026 во 08:00

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.