Најновите податоци за растот на индустриското производство во декември се јасна потврда дека резултатите од напорната работа на Владата доаѓаат до израз, оцени премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на Тетово.

Коментирајќи ги вчерашните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС), според кои индустриското производство во декември е зголемено за 2,3 проценти во споредба со истиот месец претходната година, премиерот изрази оптимизам за идниот период.

„Повторно имаме раст на индустриското производство, мислам за 2,3 проценти, но она што е поважно е дека цела 2025 година, после многу долго време индустриското производство расте, а истото важи и за преработувачката индустрија“, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека очекува овој позитивен тренд да продолжи и да се постигнат уште подобри економски резултати во периодот што следи.

Exit mobile version