Раст од над 3 проценти на БДП во изминатите четири квартали, забрзување на градeжништвото, раст на туримизот и земјоделстото. Сметам дека овие бројки се добра препорака. Ние сме нов пазар и сакаме да се развиваме и како Влада сакаме да се претставиме пред бизнис ориентираните Влади, изјави премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на работната средба со главниот извршен директор на Стопанска комора на Дубаи, Мохамед Али Рашед Лута и претставници од Стопанските комори во земјава.
Дубаи, од друга страна, како што посочи Мохамед Али Рашед Лута има единствена позиција како центар, каде македонските компании може да го зголемат својот раст на глобалните пазари, изразувајќи очекување дека нашето партнерство има голем потенцијал за соработка во области како трговијата, одржливоста и сектотите за дигитална економија со што можеме да дојдеме до раст од 20 проценти до 2030 година.
Мицкоски, нагласи дека имаме номинален раст на БДП од 7,8 проценти и нема да биде изненадување ако дојдеме и до четири проценти раст на БДП кон третиот квартал на годинава, со оглед на консолидацијата на буџетот.
„Приоритет на нашата Влада од самиот почеток е економска стабилизација на земјата. Би сакале да се претставиме како Влада ориентирана кон бизнис, која сака да донесе што е можно повеќе странски директни инвестиции и да ги поддржи домашните инвестиции. Резултат на тоа е значителен раст во втората половина од минатата година и првата половина од годинава споредно со истиот период претходните години“, нагласи Мицкоски.
Го забрзуваме граджништвото, турмизот, земјоделстото и значително внимание посветуваме на извозот на земјоделски производи, рече Мицкоски, оценувајќи дека досега добро ни оди, но и дека секако се уште има простор за подобрување.
„Засега ја консолидиравме економијата и создадовме добра бизнис клима. Веќе нема политичари што вршат притисок врз бизнисите и ова е нешто што е многу важно за земјата, имајќи го на ум искуството од минатото, што беше голем проблем за бизнис заедницата. Мојот прв чекор беше да ги ослободам бизнисите од надворешните политички притисоци и да им дозволам да растат слободно и тоа е нешто што додава вредност на нашата економија досега“, изјави Мицкоски.
Посочи дека овие бројки не се многу големи, но ако се анализира европскиот пазар, што е наш најголем трговски партнер, тогаш Мицкоси, рече дека можеме да заклучиме дека имаме навистина неверојатно достигнување, со огледа на предизвиците со кои се соочува.
„Сметам дека засега нудиме добри решенија и ги поддржуваме нашите извезувачи на европскиот пазар. Се уште сме мошне конкурентни и сметам дека вашата идеја да се најде друг прозорец за можности, особено на африканскиот пазар, кога станува збор за резервни делови за автомобили, сметам дека е навистина добра идеја. Тука имаме и претставници од тој дел, подоцна ќе имате и состаноци со нив и може да навлезете повеќе во суштината на овој предлог“, рече Мицкоски.
Туризмот е дел од нашите приоритети, рече Мицкоски, посочувајќи дека во последните седум месеци од почетокот на годината имаме раст од 15 проценти на посетители и десет проценти на бројот на преноќувања.
„Нема да биде изненадување доколку го зголемиме бројот на посетители до крајот на годината и за 29 проценти. Ако дојдеме и до зголемување на бројот на преноќувања ќе биде навистина неверојатно, доколку моежеме да дојдеме до 1,5 милиони туристи во текот на целат година ќе биде навистина голем достигнување и тоа навистина сакаме да го постигнеме“, изјави Мицкоски.
Градежната индустрија и капиталните трошоци, рече Мицкоски е поврзано со изградбата на автопати, брзи патишта, училишта и други капитални инвестици што се наш приоритет.
„Сметам дека ова е причината зошто го забрзуваме растот на БДП“, рече Мицкоски.
Стапката на инфлација во јуни беше околу четири проценти на годишно ниво, посочи Мицкоски, нагласувајќи дека на месечно ниво имаме просечна стапка од 0,2 проценти.
„Очекуваме до крајот да имаме просечна инфлациска стапка од околу четири или помалку од четири проценти и ќе продолжиме на консолидирање на инфлациската стапка на околу 3 проценти, што е наша краткорочна цел“, изјави Мицкоски.
Главниот извршен директор на Стопанска комора на Дубаи, Мохамед Али Рашед Лута, изрази благодарност за гостопримството посочувајќи дека посетата на премиерот Мицкоски на Дубаи на почетокот на годинава претставувала пресвртница на растечките билатерални врски на нашите пазари.
Денешната средба се надоградува на оваа претходна посета и ја претставува нашата заедничка посветеност на продлабочување на нашето партнерство. Во периодот меѓу 2020 и 2024 година трговијата меѓу нашите пазари достигнува вкупно 495 милиони американски долари и овој долгорочен тренд е тренд на позитивен ангажман и растечки можности. Ова е добра прилика да дојдеме до поголеми бројки од што ќе имаат придобивка двете нации“, изјави Рашед Лута.
Дубаи, посочи Рашед Лута, нуди бизнис средина што е поволна за инвеститорите со инфраструктура од светска класа и неспоредлива глобална поврзаност и динамичен дигитален еко систем.
„Нашиот град има единствена позиција како центар, каде македонските компании може да го зголемат својот раст на глобалните пазари, како оние во Африка, на субсахарскиот континент и т.н“, изјави Рашед Лута.
Бизнисите од Дубари, посочи тој истовремено, имаат значаен интерес да ги разберат можностите што ги нуди Северна Македонија, укажувајќи дека очекува денеска да започнат ангажмман со приватниот сектор што ќе дојде до заеднички платформи за соработка и раст на бројките.
„Стопанската комора на Дубаи останува да Ве поддржува во соработката со Северна Македонија“, изјави Рашед Лута обраќајки им се на бизнис заедниците од двете земји во своето обраќање.
Подготвени сме да ги поврземе нашите деловни заедници, да олесниме партнерства и понудиме заемни придобивки. Благодарност за топлото добредојде од македонската Влада и постојаната посветеност за засилување на билатералните врски, додаде Рашед Лута.