Close Menu
Press24
    Најново

    Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември

    28.10.2026 во 18:27

    Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“

    28.10.2026 во 18:11

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
    • Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Работиме на построги критериуми за увоз на млеко во прав и палмино масло со цел заштита на домашните фармери

    Мицкоски: Работиме на построги критериуми за увоз на млеко во прав и палмино масло со цел заштита на домашните фармери

    10.07.2026 во 16:022 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владата веќе работи на измени на правилникот за увоз на млеко во прав и палмино масло, а паралелно се подготвуваат и мерки за намалување на залихите во млекарниците и за поддршка на домашните млекопроизводители, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали Владата планира помош за секторот.

    Според Мицкоски, актуелните проблеми во млекарството се резултат на претходни измени на регулативата со кои биле олеснети условите за увоз.

    „Но, прво треба да го лоцираме виновникот, односно да го дијагностицираме проблемот. А проблемот е создаден уште пред неколку години од претходната влада, со измените на правилникот, со кои беа намалени критериумите за увоз на млеко во прав и палмино масло. Тоа е суштината. Оттаму потекнува ова што денес се случува“, рече премиерот по потпишувањето на коалицискиот договор со Демократската партија на Турците.

    Тој посочи дека моментно млекарниците располагаат со значителни залихи, што директно влијае врз откупот на сурово млеко од фармерите и врз откупните цени.

    „Кај млекарниците има полни магацини со производи кои се произведуваат од преработено млеко. Тоа се одразува врз обемот на откуп на млеко од фармерите и, нормално, влијае врз цената, која се намалува“, нагласи Мицкоски.

    Премиерот најави дека како дел од мерките, Владата работи на воведување построги критериуми за увозот на млеко во прав и за економските оператори што го увезуваат.

    „Со новиот правилник се воведуваат построги критериуми што се однесуваат на млекото во прав и на економските оператори што го увезуваат. Во периодот што следува, наш примарен интерес се домашните фармери, односно млекопроизводителите од нашата земја“, истакна тој.

    Воедно, Мицкоски потсети дека по завршувањето на ребалансот на Буџетот ќе следува исплата на субвенциите за 2025 година, нагласувајќи дека Владата работи на надминување на наследените состојби.

    „Нормално, по завршувањето на ребалансот на Буџетот ќе бидат исплатени и субвенциите за 2025 година. Само за потсетување, во 2024 година не беа исплатени субвенциите за 2023 година кога ние ја презедовме власта. Сега зборуваме за субвенции што ќе бидат исплатени за 2025 година, што значи дека процесот се одвива тековно“, заврши Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56

    Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел

    28.10.2026 во 17:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.