Премиерот Христијан Мицкоски денеска упати остра порака до сите кои работат во „сенка“ и оние кои користат шпекулативни методи за зголемување на цените. На конференцијата посветена на формализирање на неформалната економија, тој нагласи дека борбата против сивата економија не е само експертско прашање, туку прашање на праведност – државата нема да дозволи чесните да бидат казнувани, а нечесните да профитираат.

„Сивата економија е изгубена можност за повисоки плати и подобри болници. Нашата цел е легалното работење да стане попривлечно и поисплатливо. Законот важи за сите, нема повеќе селективност и привилегирани“, дециден е Мицкоски. Тој упати и јавна благодарност до министерката за финансии, Кочовска-Димитриевска, за дисциплината во управувањето со јавните пари.

Exit mobile version