Close Menu
Press24
    Најново

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45

    Костовски: Создаваме нов простор за прошетка, рекреација и дружење

    17.08.2026 во 19:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Уште една скопска улица без вода – Водовод со известување
    • „Сакам….“ Ведрана собра 17.000 евра откако дозна за тешка дијагноза: Вака сакаше да умре
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДС создава паника и дезинформации наместо да води одговорна политика
    • ДУИ: Повторно се гради дивоградбата на „Ќемал Сејфула“, Општина Чаир и Обвинителството да реагираат
    • Нови фабрики и инвестиции: Во Македонија се отвораат илјадници работни места
    • Трагедија на романскиот брег: Двајца браќа се удавија пред очите на својата сестра
    • СДСМ: Во Скопје долго се чека за прскање против комарци
    • Го фатиле со дрога – Апсење во Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: После локалните избори ќе предложиме резолуција

    Мицкоски: После локалните избори ќе предложиме резолуција

    25.09.2025 во 19:023 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјави дека по завршувањето на локалните избори во Собранието ќе предложат македонска резолуција која што ќе има за цел да ги штити македонските национални интереси. Мицкоски изнесе повеќе забелешки за предложената резолуција на СДСМ, наведувајќи дека она што му паднало во очи во преамбулата е дека содржи неточни факти и лаги, и дека на ваков начин не се штитат македонските национални интереси.

    – И ние како ВМРО-ДПМНЕ, како одговорна државотворна партија ќе направиме една вистинска резолуција. Еве како подлога ќе ја искористиме оваа резолуција и преку собраниските комисии после завршувањето на локалните избори ќе формираме т.н. македонска резолуција која што ќе има за цел да ги штити македонските национални интереси. Нешто што, за жал, за СДСМ видовме дека во минатото не постои, а мене ми е жал што и овој претседател на СДСМ како и неговите двајца претходници продолжува по таа патека, рече Мицкоски.

    Премиерот кажа дека имал кратко време да го прочита документот што СДСМ го достави во Собранието и немал време да навлезе во детали, бидејќи за него ќе се дискутира после изборите. Од она што успеал да го види рече дека има доста работи што тие сметаат дека би допринеле во квалитетот на самата резолуција, но она што му паднало во очи а, како што потенцира, „е типично за СДСМ да фалсификува и лаже“ се оние неколку точки кои се во самата преамбула на резолуцијата.

    -Да речеме се обидува да се негира еден историски факт и да се каже дека македонскиот јазик бил официјален јазик во ОН во 2019 година. Тоа е една монструозна лага, посебно во годината кога славиме 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик и неговото примање во ОН како официјален јазик на тогашната југословенска федерација заедно со српскохрватскиот и словенечкиот јазик. Бидејќи денеска целта ни е културата, јас би сакал овој монтруозен фалсификат кој што е дел од оваа резолуција категорички македонската јавност да го отфрли и да го осуди, рече Мицкоски.

    Според него, истовремено има неколку други фалсификати, а тоа е дека во 2005 година Северна Македонија не доби датум за почнување на преговори туку Република Македонија, односно тогашната држава која во меѓународниот поредок беше Поранешна Југословенска Република Македонија.

    -Исто така и во 2009 година прв позитивен извештај за отпочнување на преговори доби Република Македонија согласно Уставот. Самата конструкција е лажна, но тоа е типично за СДСМ и последно што сега би го искоментирал а за деталите ќе се вратиме после изборите е конфузијата која што е во самата резолуција. Зборуваме за копенхагеншки критериуми а потоа ги цитираме двата билатерални договори со Грција и со Бугарија. Едно со друго не се комплементарни, така што има многу што да се даде како инпут, рече Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: СДС создава паника и дезинформации наместо да води одговорна политика

    18.08.2026 во 10:07

    ДУИ: Повторно се гради дивоградбата на „Ќемал Сејфула“, Општина Чаир и Обвинителството да реагираат

    18.08.2026 во 10:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.