Мицкоски: Покриеноста на увозот со извозот во 2022 година е најмала во последните 8 години

Лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил пишува дека стоковата размена со странство е најмала во последните осум години.
„Катастрофалните политики на владата на ДУИ поддржана од СДСМ продолжуваат. Имено, стоковата размена со странство, покриеноста на увозот со извозот во 2022 година е најмала во последните осум години, според државниот завод за статистика.
Какви се бројките на покриеноста на увозот со извозот?
2015 година - 70,2%
2016 година - 70,9%
2017 година - 73,4%
2018 година - 76,5%
2019 година - 76,2%
2020 година - 76,1%
2021 година - 71,8%
2022 година - 68,4%
Неспособноста, освен тоа што е главна карактеристика, таа е заразна за оваа влада, надополнета со неизмерен криминал.
Имаат две заеднички цели, лично богатење и свесно уништување на институциите на Македонија. Набргу од денес за криминалот и несовесното работење ќе има одговорност. Потребни се избори за да може Македонија да тргне напред."- стои во неговата објава.
18.02.2023 - 12:23
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа