Мицкоски поканет на инаугурацијата на Трамп
Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп на 20 јануари, потврди вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски.
-Премиерот доби покана. Тоа е огромна и ретка работа, од регионот веројатно е единствениот што ќе присустува. Нешто што многу говори, покрај државата, и за него лично како е доживеан и како е ценет во најсилната држава во светот. Тоа е огромна чест и за нешто што сум убеден дека премиерот ќе го искористи во најдобро светло да ја претстави Македонија и да ги презентира македонските национални интереси што на крајот на денот, ќе значи бенефит за сите нас, рече Николоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа