Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, , рече премиерот Христијан Мицкоски откако го оствари своето право на глас на денешните локални избори.
Народот за време на кампањата, но и изминатиов период направи јасна разлика и мислам дека граѓаните ќе одлучат да одиме сите напред во развој, а не да се враќаме назад во оние времиња кога Македонија се ограбуваше и се распродаваше, истакна Мицкоски.
Мицкоски пораќа дека Македонија заслужува подобро и очекувам денеска таков да биде изборот на граѓаните.

